-
-
COSRX Aloe Soothing Sun Cream
980 денOriginal price was: 980 ден.807 денCurrent price is: 807 ден.Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.
-
COSRX Balancium Comfort Ceramide Cream 80g
1.790 денOriginal price was: 1.790 ден.1.522 денCurrent price is: 1.522 ден.Поправете ја и зајакнете ја природната бариера на кожата со 𝐁𝐚𝐥𝐚𝐧𝐜𝐢𝐮𝐦 𝐂𝐨𝐦𝐟𝐨𝐫𝐭 𝐂𝐞𝐫𝐚𝐦𝐢𝐝𝐞 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 на 𝐂𝐎𝐒𝐑𝐗.
Лесен, но богат хидратантен крем за кожа која страда од сензитивност. Избалансиран крем кој помага да ја смирите и зајакнете ја вашата кожа без чувство на затнување или маснотии.
Церамидот NP ја зајакнува оштетената кожна бариера и ја регенерира сензибилизираната и оштетена кожа. Церамидите се липиди природно присутни во кожата и играат значајна улога во одржување на нивото на влажност во кожата преку одржување на нејзината заштитна бариера со спречување на губење на влажноста.
Ќе ѝ кажете и збогум на сувата и дехидрирана кожа! Високо ефективните, врвни состојки го обновуваат балансот помеѓу водата и мастите на кожата, пружаат долготрајна хидратација и ја подобруваат еластичноста на кожата. Овој крем на кожата кожата давајќи ѝ здрав, полн и свеж изглед.
Клучни состојки:
- Церамиди
Содржи Церамид NP кој ја обновува заштитната бариера на кожата за да ја задржи влагата, да ги намали видливите знаци на стареење и да го блокира оштетувањето од штетните влијанија.Церамидите се липиди кои сочинуваат до отприлика 50% од липидите на кожата за да формираат природна кожна бариера.
Всушност церамидите се лепилото што ги држи клетки на кожата заедно за да ја одржи кожната бариера здрава. Здравата кожна бариера помага да се спречи губењето на влажноста и да се спречат штетните влијанија.
- Азиска центела
Високо ефективната азиска центела, ја регенерира кожата, ја смирува иритацијата, ја штити чувствителната кожа и ја зајакнува бариерата на кожата. - Пантенол
Пантенолот го превенира губење на влажност на кожата. Ја зајакнува заштитната бариера и ја штити од штетните влијанија од околината
Сите состојки се со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Овој крем е хипоалерген и е погоден за сите возрасти.
- Церамиди
-
COSRX Balancium Comfort Ceramide Cream Mist 120ml
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.352 денCurrent price is: 1.352 ден. -
COSRX BHA Blackhead Power Liquid
1.470 денOriginal price was: 1.470 ден.1.207 денCurrent price is: 1.207 ден.Црните точки НАДВОР! Порите ИСЧИСТЕНИ!
Течност за ексфолијација со BHA и ниацинамид за нежна ексфолијација и контрола на маснотијата. Препорачано за корисници со средно ниво на ПХ вредност. Оваа моќна BHA течност против црнки помага да се отстранат црнките и да се контролира вишокот на себум додека ѝ пружа хидратација на кожата.
ПРЕДНОСТИ •Чистење на затнатите пори • Спречување на акни и намалување на трагите од флеки • Балансирање на продукција на маснотија
ЦЕЛИ •
Затнати, големи пори • Црни точки и митесери • Нега на Т-зоната • Мрсна кожа склона кон акни
КАКО СЕ КОРИСТИ?
По чистењето на лицето, нанесете ја на кожата како тоник. Пред да преминете на следниот чекор, проверете дали течноста е целосно апсорбирана. Препорачуваме употреба 2-3 пати неделно, а според состојбата на кожата може постепено да се зголеми употребата. *Доколку се користи во текот на денот, обавезно нанесете крема за заштита од сонце.
Состојки:
Вода од кора од врба (Salix Alba), бутилен гликол, бетаин салицилат, ниацинамид, 1,2-хександиол, аргинин, пантенол, натриум хијалуронат, ксантанска гума, етил хександиол
-
COSRX Centella Blemish Cream
1.160 денOriginal price was: 1.160 ден.1.096 денCurrent price is: 1.096 ден.Centella Blemish Cream e крем збогатен со азиска центела. Овој смирувачки крем помага да се смират чувствителните или иритираните делови од кожата. Употреба: По чистењето и нанесувањето на тонер, нанесете на таргетирани делови од лицето по потреба. Состав: вода од лист од Centella asiatica, бутилен гликол, глицерин, масло од семе од Helianthus annuus (сончоглед), цинк оксид, диметикон, бетаин, 1,2-хександиол, екстракт од Viola tricolor, масло од Elaeis guineensis (палма), екстракт од јатки од Elaeis guineensis (палма), цетеарил алкохол, цетеарил оливат, сорбитан оливат, екстракт од Centella asiatica, цинк PCA, хидроксиетил акрилат/ натриум акрилоилдиметил таурат кополимер, ксантан гума, масло од лист од Melaleuca Alternifolia (чајно дрво), екстракѕ од корен од Scutelaria baicalensis. -
Cosrx Centella Water Alcohol-Free Toner 150ml
1.050 денOriginal price was: 1.050 ден.841 денCurrent price is: 841 ден. -
COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule
1.720 денOriginal price was: 1.720 ден.1.377 денCurrent price is: 1.377 ден.Формулирана со 83,25% екстракт од прополис, оваа висококонцентрирана ампула го осветлува тенот и на кожата ѝ пружа долготрајна хидратација и таа зрачи со младешки сјај. -
COSRX Full Fit Propolis Light Cream
1.960 денOriginal price was: 1.960 ден.1.666 денCurrent price is: 1.666 ден.Ви го претставуваме Full Fit Propolis Light Cream на познатиот корејски бренд COSRX. Тоа е хидратантен крем со висок процент на црн пчелин прополис и антиоксиданти.Нема да верувате дека овој лесен крем е направен од 65,69% од прополис се додека не го пробате и дополнително ќе изненадите кога ќе ја искусите неговата хидратантната моќ.ШТО ГО ПРАВИ ОВОЈ КРЕМ ПОСЕБЕН?▪️ Содржи 65.69% Full Fit Pro Complex, кој е уникатен комплекс од прополис формулиран од COSRX Lab. Тој се состои од екстрат од црн пчелин прополис, екстракт од мед и екстракт од матичен млеч познати по своите антиинфламаторни и антибактериски својства.
▪️ Тоа е крем наменет за сите типови кожа и сите временски услови. Благодарение на својата лесна гел текстура овој крем брзо и лесно се впива во кожата што овозможува да го користите во било какви временски услови, без разлика каде сте, на топло влажно време или во ладно и суво време. Без разлика на типот на кожата, овој лесен хидратантен крем лесно се впива без чувство на маснотија.
▪️ На кожата ѝ дава полн, цврст и свеж изглед, што го прави одличен последен чекор од рутината за нега. Можете да го комбинирате со останатите производи од истата линија или да го вметнете во вашата веќе постоечка рутина. Доколку се користи заедно со Full fit Propolis тонерот и ампулата деговото дејство се зголемува и дава позабележителен полн изглед на кожата. На кожата и дава сјај во текот на целиот ден и е одлична подлога за шминка.
Препорачана рутина:1. Наполнете ја кожата со влажност со COSRX Full Fit Propolis Synergy Toner.2. Дајте ѝ сјај со COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule.3. Завршете ја рутината со COSRX Full Fit Propolis Light Cream. -
COSRX Full Fit Propolis Nourishing Magnet Sheet Mask
365 денOriginal price was: 365 ден.290 денCurrent price is: 290 ден.Збогатена со прополис, матична млеч и екстракт од мед, оваа лист-маска ѝ пружа прихрана и долготрајна хидратација на кожата. -
COSRX Full Fit Propolis Synergy Toner 150ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.808 денCurrent price is: 808 ден.Propolis Synergy Toner e тонер со вискозна, но лесно впивлива и нелеплива текстура, со екстракти од мед и прополис. Содржи 72,6%екстракт од прополис на црна пчела и 10% екстракт од мед кои го подобруваат сјајот на кожата. -
COSRX Full Fit Propolis Synergy Toner 50ml
570 денOriginal price was: 570 ден.450 денCurrent price is: 450 ден.Propolis Synergy Toner e тонер со вискозна, но лесно впивлива и нелеплива текстура, со екстракти од мед и прополис. Содржи 72,6%екстракт од прополис на црна пчела и 10% екстракт од мед кои го подобруваат сјајот на кожата.