-
-
-
AROMATICA Natural Coconut Cleansing Oil 300ml
1.993 денЗа совршено чиста кожа, користете го 𝗡𝗮𝘁𝘂𝗿𝗮𝗹 𝗖𝗼𝗰𝗼𝗻𝘂𝘁 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗢𝗶𝗹 на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔.
Тоа е хипоалергено и лесно масло со нежен природен мирис, наменето за миење на лицето, кое не остава мрсна трага по миењето. Се препорачува како прв чекор од рутината, по кој следи чистење со пенливо средство за поефикасно чистење и повидливи резултати.
Со леснотија ја отстранува шминката, особено од областа околу очите, благодарение на својата високата способност за чистење. Нежно ја отстранува шминката без да ја иритира чувствителната област околу очите или самите очи.
Формулирано од природни масла ова масло е нежно кон кожата, но ефикасно ги отстранува и натврдокорните нечистотии и остатоци од шминка од лицето. Исто така ги чисти ситната прашина и нечистотиите од загадувачите од околината наталожени на кожата во текот на денот.
Главна улога игра маслото од кокос кое е ладно цедено и сертифицирано органско масло. Ја навлажнува кожата, оставајќи ја свежа.
По миењето ја прави кожата мека и свежа, оставајќи ја добро навлажнета и без чувство на сувост и затегање.
Направено е од неиритрачки природни состојки, без силикони, парабени и минерални масла. Тоа е безбеден производ со највисоко ниво на безбедност верифициран од EWG и вегански производ верифициран од The Vegan Society. Спакуван е во eco-friendly рециклирачка амбалажа.
Производот е cruelty-free.
-
Aromatica Orange Cleansing Sherbet 180g
2.150 ден1.978 денAromatica Orange Cleansing Sherbet е нежен, но ефикасен балзам за чистење на лицето на маслена база, кој со леснотија длабински ја отстранува нечистотијата и сите траги од шминка и прави благ пилинг на лицето отстранувајќи ги наталожените мртви клетки.
Toa е балзам со цврста текстура кој при допир со кожата веднаш се топи и лесно се нанесува. Ја чисти кожата урамнотежувајќи го создавањето на маснотии, ја навлажнува, ја прави мека и ја остава со чувство на свежина и пријатен мирис.
⠀
Содржи повеќе природни масла добиени со процес на ладно цедење, при што тие го задржуваат природниот мирис, боја и активни состојки.Канола маслото и органското масло од бабасу овозможуваат да се расворат нечистотиите и мртвите клетки. Маслото од бабасу, исто така содржи лауринска киселина, благодарение на која делува антибактериски и антиинфламаторно. Маслото од јатки од дива кајсија содржи масни киселини, линолна киселина и витамин Е кои на кожата и даваат еластичност.
⠀
Овој производ содржи 3 вида есенцијални масла на кои се должи пријатниот мирис, а покрај тоа имаат и антибактериско дејство. Тоа се маслото од цвет на Cananga odorata, маслото од стебло на Cedrus atlantica (кедар) и маслото од кора на Citrus aurantium dulcis (портокал). -
Aromatica Reviving Rose Infusion Cream Cleanser 145g
1.199 денУживајте во задоволството од чистењето на вашето лице со луксузна кремаста пена на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔, 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿.
𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 му дава на чистењето на лицето нова димензија, додека богатата пена со нежни меурчиња ја гали кожата, природниот пријатен мирис го зголемува уживањето.
Ефикасно и со леснотја ја отстранува шминката и сите нечистотии што се таложат на кожата на лицето во текот на денот, без да ја наруши заштитната бариера на кожата и без да предизвика чувство на сувост и затегање. По чистењето кожата ја остава свиленкасто нежна и добро хидрирана.
Направен со органски екстракт од роза (Rosa damascena), содржи 23% ECOCERT сертифицирани органски сосојки и 83% природни состојки.
Екстрактот од роза и екстрактот од шипинка имаат моќно антиоксидантно и антиејџ дејство.
Содржи моќен комплекс на екстракти од неколку видови бобинки кои се витаминска бомба и ја енергизираат и ревитализираат кожата.
Природните екстракти во овој крем се добиени со специјален метд на декокција. Тоа е метод на екстракција без загревање, која ги екстрахира активните состојки без да го наруши нивниот квалитет. Со тоа тие ја задржуваат својата ефикасност.
Производот е вегански и cruelty-free.
-
Aromatica Tea Tree Balancing Foaming Cleanser
1.290 денПенливо средство за чистење специјално дизајнирано за масна кожа. Маслото од чајно дрво и маслото од бергамот пенетрираат длабоко во порите на кожата за да го намалат вишокот на масти, нежно ги отстрануваат нечистотиите и шминката и ја прават кожата да се чувствува чиста и освежена. Органскиот екстракт од чичак и екстрактот од гавез ја смируваат и хидратираат кожата. Состојки: Екстракт од лист од Aloe barbadensis, глицерин, палмитинска киселина, стеаринска киселина, лауринска киселина, калиум хидроксид, вода, миристинска киселина, натриум кокоамфоацетат, глицерил стеарат, сорбиан оливат, натриум хлорид, екстракт од лист од Malaleuca alternifolia, алантоин, фенетил алкохол, каприлил гликол, масло од лист/гранче oд Citrus aurantium amara, масло од семе од Helianthus annuus, токоферол, **цитронелол, масло од Citrus aurantium bergamia, масло до Pelargonium graveolens, *екстракт од корен од Arctium lappa, *екстракт од корен од Symphytum officinale, масло од лист од Malaleuca alternifolia, **гераниол, **лимонен, **линалоол *сертифицирано органски **од природно есенцијално масло. -
Banila Co Clean It Zero Cleansing Balm Nourishing 100ml
1.980 ден792 денРок на траење до 30.03.2025
-
-
-
Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil 210ml
1.360 ден890 денBeauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil – Совршено масло за двојно чистење и заштита на кожната бариера
Најважниот чекор во негата на кожата е темелното чистење. Ако нечистотиите, себумот и остатоците од шминка не се отстранат целосно, тие можат да предизвикаат затнување на порите, акни и воспаленија.
Зошто да користите масло за чистење на лицето?
Маслото за чистење е клучен чекор во двостепеното чистење (double cleansing) – метод што е основа на K-beauty рутините. Со неговата способност да раствора водоотпорна шминка, креми со SPF и насобран себум, тоа овозможува длабинско чистење без да ја исуши кожата.
Тимот на Beauty of Joseon тестираше бројни масла за да ја пронајде најдобрата основа за ова нежно, но моќно масло за чистење. Тие го избраа маслото од Glycine soja (соја) поради неговата лесна текстура и ефикасност во растворање на нечистотиите. Дополнително, формулата содржи масло од семе од женшен, кое му дава на производот природен, освежителен тревен мирис што овозможува пријатно и релаксирачко искуство за време на чистењето.
Мицеларна технологија за совршено чистење без нарушување на бариерата
Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil ја користи најновата мицеларна технологија, која станува must-have тренд во 2024 за ефикасно и неженo чистење. Наместо да ја оштети кожната бариера, ова масло како магнет ги привлекува и отстранува нечистотиите и себумот, притоа ја хидрира и негува кожата.
За разлика од традиционалните сапуни, кои често предизвикуваат затегнатост и сувост, мицеларните масла работат на раздвојување на нечистотиите од кожата без агресивно отстранување на нејзината природна липидна матрица. Ова помага во одржување на здрава и балансирана кожа, без чувство на тежина или мрснотија.
Клучни состојки и нивните придобивки
✔ Масло од соја (50%) – Добиено од Glycine soja, ова масло содржи олеинска, линолна и линоленска киселина, кои делуваат како природен навлажнувач, ја измазнуваат кожата и спречуваат затнување на порите.
✔ Масло од семе од женшен (0,1%) – Моќен антиоксиданс кој ја зајакнува кожната бариера, ја штити кожата од штетните надворешни влијанија и ја смирува.
За кого е наменето?
- Сите типови кожа, вклучувајќи осетлива, комбинирана и мрсна кожа
- Тие што сакаат хидратантно чистење без сушење
- Љубители на двостепено чистење и K-beauty рутини
Со Beauty of Joseon Ginseng Cleansing Oil, вашата кожа останува длабински чиста, хидрирана и заштитена, додека нежните растителни масла се грижат за одржување на природниот баланс на кожата.
-
Beauty of Joseon Green Plum Refreshing Cleanser 100ml
980 ден531 денBeauty of Joseon Green Plum Refreshing Cleanser – длабинско чистење без оштетување на кожната бариера
Кога барате најдобар гел за чистење на лице, важно е да изберете производ кој има моќна способност за чистење, без да ја наруши природната бариера на кожата.
Green Plum Refreshing Cleanser од Beauty of Joseon е нежен пенлив чистач кој темелно ги отстранува сите нечистотии, себум и остатоци од шминка, без да предизвика иритација или сушење.
pH балансирачка формула за заштита на кожната бариера
Здравата кожа има блага киселост благодарение на природните киселински компоненти што ги лачат потните и лојните жлезди. Кога pH балансот се нарушува, кожата станува чувствителна, склона кон воспаленија и сува.
- Хипоалергенска формула со блага киселост – одржува здрав pH баланс, спречува оштетување на кожната бариера и ја задржува влажноста
- Нежно чистење без сушење – овозможува длабинско, но неагресивно отстранување на нечистотиите, без да остави чувство на затегнатост
hanbang формула – традиционални природни екстракти за длабинско чистење
- 24% екстракт од слива – богат со органски киселини и витамини, кои ги омекнуваат и отстрануваат старите мртви клетки на кожата, ја подобруваат текстурата и ја хидрираат кожата
- 3% екстракт од семе од мунго грав – природен пилинг агент, кој се користел во Hanbang (корејска традиционална медицина) за темелно чистење на лицето
- Сапонини од мунго грав – ја одржуваат кожата хидрирана подолго време, спречуваат исушување и ја зајакнуваат кожната бариера
зошто да го изберете green plum refreshing cleanser
- Ефикасно ги отстранува нечистотиите, себумот и остатоците од шминка
- Не ја суши кожата – остава чувство на хидратација и свежина
- Балансира pH вредноста, спречувајќи чувствителност и иритации
- Содржи природни состојки погодни за чувствителна, комбинирана и мрсна кожа
- Идеален за утринска и вечерна рутина, особено како дел од двостепено чистење (double cleansing)
- Гел текстура која создава нежна пена, лесно се плакне и не остава тежок остаток
Green Plum Refreshing Cleanser е идеален избор за секојдневно користење, обезбедувајќи свежа, мазна и балансирана кожа, без чувство на сувост.
-
Beauty of Joseon Radiance Cleansing Balm 100ml
1.290 ден1.071 денBeauty of Joseon Radiance Cleansing Balm е балзам за чистење што нежно топи шминка, себум и нечистотии од кожата. Формулиран со оризови трици и различни зрнести екстракти, овој балсам помага да се одржи кожата хидрирана и мека, без чувство на сувост.
Карактеристики:
- Цврста балзам текстура – Нежен, мек балсам кој се топи при контакт со кожата и темелно ги раствора нечистотиите.
- Маслен отстранувач на шминка – Раствора водоотпорна шминка без потреба од дополнителен отстранувач и не предизвикува замаглување на очите.
- Одржува хидратација – Благодарение на оризовите трици и зрнести екстракти, кожата останува свежа и навлажнета по чистењето.
Клучни состојки:
Ориз + комплекс од зрнести екстракти – Оризот е клучна состојка во корејската традиционална нега на кожата. Во династијата Јосеон, оризовата вода била позната како „Beauty Water“, користена за постигнување на блескав изглед на кожата. Богата со амино киселини и минерали, оваа состојка длабински хидрира и ја заштитува кожата од сувост.
Како да се користи:
Земете соодветна количина и нанесете на сува кожа. Масирајте со кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Додадете малку вода за да се емулгира во млечно масло, потоа исплакнете со млака вода. За комплетно чистење, продолжете со пенлив чистач.
-
Benton Deep Green Tea Cleansing Foam 120g
760 ден590 денBenton Deep Green Tea Cleansing Foam е пена за длабинско чистење на лицето со зелен чај. Тоа е навлажнувачко и прочистувачко средство за миење на лицето збогатено со зелен чај од Босеонг, најпознатата област за производство на чај во Кореа. Пената овозможува темелно и здраво чистење на кожата без да остави чувство на затегнатост, додека ја остава кожата освежена, хидрирана и витална.
-
Benton Goodbye Redness Centella Powder Wash 80g
1.538 денИсчистете ја и нахранете ја кожата со чистачот во прав! Формулиран со растителни ензими, центела и каламин, формулата за тројно чистење ги елиминира мртвите клетки и остатоците од кожата додека ја навлажнува и смирува кожата. Се препорачува за сува, чувствителна и комбинирана кожа. Centella и активните состојки помагаат да се смири црвенилото на кожата.
Благодарение на растителните ензими, центелата и каламинот, оваа формула за тројно чистење темелно ја чисти кожата и ги прочистува порите додека прави физичка и хемиска ексфолијација. Благодарение на растителните сурфактанти кои се нежни со кожата прави нежна пена и ја чисти кожата без да предизвика иритација.
Производот нема додадени вештачки бои и мириси, а неговата бледо розова боја се должи на природните состојки.
KOJA E ПРЕДНОСТА НА КЛЕНЗЕР ВО ПРАВ?
Содржи само 5% прочистена вода за мешање на состојките, а со редучирање на количеството на вода се интензивира функцијата на главните состојки.КАКО СЕ КОРИСТИ?
По навлажнување на лицето се зема соодветна количина (количина што се истура при при едно превртување на шишето) од производот на дланка, се меша со малку вода и се трие за да се создаде пена. Пената се нанесува на лицето и нежно се масира. На крај се измива со млака водаКлучни состојки:
– Екстракт од азиска центела кој го смирува црвенилото и иритацијата.
– Каламин кој ја смирува и штити чувствителната кожа.
– Морска сол и прав од азиска центела кои прават физичко отстранување на мртвите клетки од кожата кои се причина за појава на црвенило.
– Два типа на растителни ензими (протеаза и бромелин) кои прават хемиски пилинг односно отстранување на мртвите клетки.
– Хијалуронска киселина која на кожата ѝ дава хидратација.Се препорачува кај:
– Кожа со црвенило
– Иритирана кожа
– Чувствителна кожа
– Кожа на која и е потребен нежен клензер за утринска и вечерна нега.
– Кожа без баланс на водата и мастите -
Benton Honest Cleansing Foam 150g
800 ден520 денBenton Honest линијата содржи безбедни состојки за чиј врвен квалитет може да бидете сигурни. Формулирана со природни сурфактанти добиени од масло од палма, Benton Honest пената за чистење благо ја чисти изморената кожа. Помага за ослободување од предизвикувачите на стрес и нечистотијата. Оваа пена за чистење не само што ја чисти туку и ја хидрира кожата намалувајќи ја затегнатоста. Благ чистач за сите видови кожа произведен со природни супстанции. Може да се користи за кожа која се чувствува затегната по чистењето, кожа со дисбаланс на вода и масти, за дехидрирана и сува кожа, кожа која е чувствителна на штетни хемикалии. -
Benton Honest Cleansing Foam Mini Deluxe 30g
260 денBenton Honest линијата содржи безбедни состојки за чиј врвен квалитет може да бидете сигурни. Формулирана со природни сурфактанти добиени од масло од палма, Benton Honest пената за чистење благо ја чисти изморената кожа. Помага за ослободување од предизвикувачите на стрес и нечистотијата. Оваа пена за чистење не само што ја чисти туку и ја хидрира кожата намалувајќи ја затегнатоста. Благ чистач за сите видови кожа произведен со природни супстанции. Може да се користи за кожа која се чувствува затегната по чистењето, кожа со дисбаланс на вода и масти, за дехидрирана и сува кожа, кожа која е чувствителна на штетни хемикалии.