-
COSRX AHA 7 Whitehead Power Liquid 100ml
1.190 денOriginal price was: 1.190 ден.833 денCurrent price is: 833 ден.Тоа е тонер направен со 7% гликолна киселина, оваа есенција помага да се постигне чист и сјаен тен преку нежна ексфолиација.
-
COSRX AHA/BHA Clarifying Treatment Toner 150ml
1.090 денOriginal price was: 1.090 ден.763 денCurrent price is: 763 ден.Тоа е тонер во спреј со фрмула која има ниска pH вредност и прочистувачки растителни состојки, овој тонер делува на освежување, смирување и омекнување на кожата. Содржи AHA и BHA киселини за нежна ексфолијација.
-
COSRX Aloe 54.2 Aqua Tone-up Sunscreen SPF 50+ PA++++ 50ml
990 денOriginal price was: 990 ден.693 денCurrent price is: 693 ден. -
COSRX Aloe Soothing Sun Cream 50ml
950 денOriginal price was: 950 ден.665 денCurrent price is: 665 ден.Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.
-
COSRX Balancium Comfort Ceramide Cream 80g
1.790 денOriginal price was: 1.790 ден.1.253 денCurrent price is: 1.253 ден.Поправете ја и зајакнете ја природната бариера на кожата со 𝐁𝐚𝐥𝐚𝐧𝐜𝐢𝐮𝐦 𝐂𝐨𝐦𝐟𝐨𝐫𝐭 𝐂𝐞𝐫𝐚𝐦𝐢𝐝𝐞 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 на 𝐂𝐎𝐒𝐑𝐗.
Лесен, но богат хидратантен крем за кожа која страда од сензитивност. Избалансиран крем кој помага да ја смирите и зајакнете ја вашата кожа без чувство на затнување или маснотии.
Церамидот NP ја зајакнува оштетената кожна бариера и ја регенерира сензибилизираната и оштетена кожа. Церамидите се липиди природно присутни во кожата и играат значајна улога во одржување на нивото на влажност во кожата преку одржување на нејзината заштитна бариера со спречување на губење на влажноста.
Ќе ѝ кажете и збогум на сувата и дехидрирана кожа! Високо ефективните, врвни состојки го обновуваат балансот помеѓу водата и мастите на кожата, пружаат долготрајна хидратација и ја подобруваат еластичноста на кожата. Овој крем на кожата кожата давајќи ѝ здрав, полн и свеж изглед.
Клучни состојки:
- Церамиди
Содржи Церамид NP кој ја обновува заштитната бариера на кожата за да ја задржи влагата, да ги намали видливите знаци на стареење и да го блокира оштетувањето од штетните влијанија.Церамидите се липиди кои сочинуваат до отприлика 50% од липидите на кожата за да формираат природна кожна бариера.Всушност церамидите се лепилото што ги држи клетки на кожата заедно за да ја одржи кожната бариера здрава. Здравата кожна бариера помага да се спречи губењето на влажноста и да се спречат штетните влијанија. - Азиска центела
Високо ефективната азиска центела, ја регенерира кожата, ја смирува иритацијата, ја штити чувствителната кожа и ја зајакнува бариерата на кожата. - Пантенол
Пантенолот го превенира губење на влажност на кожата. Ја зајакнува заштитната бариера и ја штити од штетните влијанија од околината
Сите состојки се со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Овој крем е хипоалерген и е погоден за сите возрасти.
- Церамиди
-
COSRX BHA Blackhead Power Liquid 100ml
1.420 денOriginal price was: 1.420 ден.994 денCurrent price is: 994 ден.Кажете им збогум на црнките, задраво на чистите пори!
Тое е тонер со BHA и ниацинамид за нежна ексфолијација и контрола на маснотијата. Овој можен BHA тонер против црнки помага да се отстранат црнките и да се контролира вишокот на себум додека ѝ пружа хидратација на кожата.
ПРЕДНОСТИ• Чистење на затнатите пори
• Спречување на акни и намалување на трагите од акни и флеки
• Балансирање на продукција на маснотија
ТАРГЕТИРА
• Затнати, зголемени пори
• Црнки и комедони
• Нега на Т-зоната
• Мрсна кожа склона кон акни
КАКО СЕ КОРИСТИ?
По чистењето на лицето, нанесете ја на кожата како тонер. Пред да преминете на следниот чекор, проверете дали течноста е целосно апсорбирана. Препорачуваме употреба 2-3 пати неделно, а според состојбата на кожата може постепено да се зголеми употребата. *Доколку се користи во текот на денот, задолжително нанесете крем за заштита од сонце.
-
COSRX Centella Blemish Cream
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.903 денCurrent price is: 903 ден.Centella Blemish Cream e крем збогатен со азиска центела. Овој смирувачки крем помага да се смират чувствителните или иритираните делови од кожата. Употреба: По чистењето и нанесувањето на тонер, нанесете на таргетирани делови од лицето по потреба. Состав: вода од лист од Centella asiatica, бутилен гликол, глицерин, масло од семе од Helianthus annuus (сончоглед), цинк оксид, диметикон, бетаин, 1,2-хександиол, екстракт од Viola tricolor, масло од Elaeis guineensis (палма), екстракт од јатки од Elaeis guineensis (палма), цетеарил алкохол, цетеарил оливат, сорбитан оливат, екстракт од Centella asiatica, цинк PCA, хидроксиетил акрилат/ натриум акрилоилдиметил таурат кополимер, ксантан гума, масло од лист од Melaleuca Alternifolia (чајно дрво), екстракѕ од корен од Scutelaria baicalensis. -
COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule
1.620 денOriginal price was: 1.620 ден.1.134 денCurrent price is: 1.134 ден.Формулирана со 83,25% екстракт од прополис, оваа висококонцентрирана ампула го осветлува тенот и на кожата ѝ пружа долготрајна хидратација и таа зрачи со младешки сјај. -
COSRX Full Fit Propolis Light Cream
1.960 денOriginal price was: 1.960 ден.1.372 денCurrent price is: 1.372 ден.Ви го претставуваме Full Fit Propolis Light Cream на познатиот корејски бренд COSRX. Тоа е хидратантен крем со висок процент на црн пчелин прополис и антиоксиданти.Нема да верувате дека овој лесен крем е направен од 65,69% од прополис се додека не го пробате и дополнително ќе се изненадите кога ќе ја искусите неговата хидратантната моќ.ШТО ГО ПРАВИ ОВОЈ КРЕМ ПОСЕБЕН?▪️ Содржи 65.69% Full Fit Pro Complex, кој е уникатен комплекс од прополис формулиран од COSRX Lab. Тој се состои од екстрат од црн пчелин прополис, екстракт од мед и екстракт од матичен млеч познати по своите антиинфламаторни и антибактериски својства.
▪️ Тоа е крем наменет за сите типови кожа и сите временски услови. Благодарение на својата лесна гел текстура овој крем брзо и лесно се впива во кожата што овозможува да го користите во било какви временски услови, без разлика каде сте, на топло влажно време или во ладно и суво време. Без разлика на типот на кожата, овој лесен хидратантен крем лесно се впива без чувство на маснотија.
▪️ На кожата ѝ дава полн, цврст и свеж изглед, што го прави одличен последен чекор од рутината за нега. Можете да го комбинирате со останатите производи од истата линија или да го вметнете во вашата веќе постоечка рутина. Доколку се користи заедно со Full fit Propolis тонерот и ампулата неговото дејство се зголемува и дава позабележителен полн изглед на кожата. На кожата и дава сјај во текот на целиот ден и е одлична подлога за шминка.
Препорачана рутина:1. Наполнете ја кожата со влажност со COSRX Full Fit Propolis Synergy Toner.2. Дајте ѝ сјај со COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule.3. Завршете ја рутината со COSRX Full Fit Propolis Light Cream. -
COSRX Full Fit Propolis Nourishing Magnet Sheet Mask
299 денOriginal price was: 299 ден.209 денCurrent price is: 209 ден.Збогатена со прополис, матична млеч и екстракт од мед, оваа лист-маска ѝ пружа прихрана и долготрајна хидратација на кожата. -
COSRX Full Fit Propolis Synergy Toner 50ml
570 денOriginal price was: 570 ден.399 денCurrent price is: 399 ден.Propolis Synergy Toner e тонер со вискозна, но лесно впивлива и нелеплива текстура, со екстракти од мед и прополис. Содржи 72,6%екстракт од прополис на црна пчела и 10% екстракт од мед кои го подобруваат сјајот на кожата. -
COSRX Hyaluronic Acid Intensive Cream 100g
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.Чувствувајте ја кожата свежа полна и еластичната во текот на целиот ден! Тука е Hyaluronic Acid Intensive Cream на COSRX, крем богат со хијалуронска киселин за длабинска и дојготрајна хидратацијаОвој интензивно хидратантен крем го зголемува количеството на влага во кожата и ја задржува внатре, заштитувајќи ја кожата од понатамошно губење на влажноста. Без чувство на маснотии или тежина, овој интензивно хидратантен крем ја прави кожата мека и нежна како свила, го намалува изгледот на брќките и фините линии и на кожата и дава полн и свеж изглед.За кого е наменет овој крем:За оние со сува или дехидрирана кожа, за оние кои сакаат на кожата да ѝ прожат дополнителна свежина, за оние кои сакаат да ја спречат појавата на брчки и да ги намалат постоечките.БЕНЕФИТ:- Дава длабинска и долготрајна хидратација
- На кожата и дава полн и свеж изглед
- Ги намалува постоечките брчки и ја спречува појавата на нови
- Има лесна, брзо впивлива текстура кое не остава тешко чувство на маснотија
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:- Содржи 57.8% вода од Hippophae rhamnoides (кучешки трн), која ја освежува и ѝ ја враќа виталноста на кожата
- Содржи 3,000ppm натриум хијалуронат (хијалуронска киселина која ја задржува водата во кожата, ги пополнува брчките, ја спречува појавата на нови брчки и ма кожата и дава полн и свеж изглед.
- Пантенолот помага во навлажнување на кожата и го спречува губењето на влажноста. Исто така има противвоспалително дејство.
-
COSRX Hydrium Green Tea Aqua Soothing Gel Cream
1.530 денOriginal price was: 1.530 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.Хидратантен разладувачки безмасен гел крем, кој богато ја снабдува кожата во хидратација. -
COSRX Hydrium Triple Hyaluronic Moisturizing Cleanser Mini 50ml
490 денOriginal price was: 490 ден.343 денCurrent price is: 343 ден.Опис на производот:
COSRX Hydrium Triple Hyaluronic Moisturizing Cleanser Mini 50ml е корејски пенлив чистач за лице, создаден за темелно, но нежно чистење на кожата без чувство на прекумерна сувост или затегнатост.Формулата содржи Triple Hyaluronic Acid комплекс — Hyaluronic Acid, Hydrolyzed Hyaluronic Acid и Sodium Hyaluronate — кои помагаат кожата да ја задржи хидратацијата и да изгледа мека, свежа и еластична по миењето. Panthenol / Vitamin B5 дополнително ја смирува и поддржува кожната бариера, додека plant-derived surfactants создаваат богата, кремаста пена која ги отстранува нечистотиите, вишокот себум и остатоците од шминка.
MINI пакувањето од 50ml е практично за патување, чанта, теретана или тестирање на производот пред купување на поголемо пакување.
Придобивки:
• Нежно ја чисти кожата без тежок и агресивен ефект
• Помага кожата да остане мека и хидрирана по миење
• Содржи 3 видови хијалуронска киселина
• Содржи Panthenol / Vitamin B5 за смирување и поддршка на бариерата
• Создава богата, кремаста пена
• Ги отстранува нечистотиите, себумот и остатоците од шминка
• Погоден е за дехидрирана кожа и секојдневна употреба
• Практично MINI пакување од 50mlНачин на употреба:
Нанесете мала количина на влажни дланки и разпенете со вода. Нежно масирајте на влажно лице со кружни движења, избегнувајќи директен контакт со очите. Исплакнете темелно со млака вода. Користете наутро и навечер, како прв или втор чекор во рутината за чистење. -
COSRX Hydrium Triple Hyaluronic Water Wave Sheet Mask
299 денOriginal price was: 299 ден.209 денCurrent price is: 209 ден.Формулирана со тројна хијалуронска киселина, брзо апсорбирачката есенција од оваа маска на кожата ѝ дава чуство на богата хидратација и свежина. -
COSRX Lip Sleep Balancium Ceramide Lip Butter Sleeping Mask 20gr
1.690 денOriginal price was: 1.690 ден.1.183 денCurrent price is: 1.183 ден.Lip Sleep – Balancium Ceramide Lip Butter Sleeping Mask на COSRX e вистински мелем за сувите и испукани усни.
Кремастата, мека текстура налик на путер нежно се топи и се впива во кожата на усните, формирајќи нежен нелеплив слој кој ги штити и негува усните.
Комбинацијата на церамиди и шиа путер формира совршена заштитна бариера. Помага во регенерација и заздравување на оштетувањата штитејќи ги усните од сувост, правејќи ги видливо помазни и поздрави.
Клучни состојки:
- Шиа путер
Шиа путерот има одлично навлажнувачко и антиинфламаторно дејство. Ја негува, навлажнува и смирува кожата.Оваа маска за усни е нелеплива, без боја и без мирис и може да ја користите во био кое време од денот. - Церамиди
Содржи 108 ppm церамид-NP кој ја обновува заштитната бариера на кожата за да ја задржи влагата, да ги намали видливите знаци на стареење и да го блокира оштетувањето од штетните влијанија од околината.
Церамидите се липиди кои сочинуваат до отприлика 50% од липидите на кожата за да формираат природна кожна бариера.
Всушност церамидите се лепилото што ги држи клетки на кожата заедно за да ја одржи кожната бариера здрава. Здравата кожна бариера помага да се спречи губењето на влажноста влагата и да се спречат штетните влијанија.
- Шиа путер