-
By Wishtrend Natural Vitamin 21.5% Enhancing Sheet Mask
199 денОваа маска е збогатена со 21,5% природен витамински комплекс (Vitamin Tree Water & Boseong Green Tea Water). Едноставните состојки и лесната текстура обезбедуваат нежна витаминска нега за чувствителна кожа. Оваа дневна витаминска маска ги исполнува внатрешните слоеви на кожата со влага и витамин.
Начин на употреба:
1) Откако ќе ја нанесете витаминската ампулата 1-2 пати неделно за време на рутината за нега на кожата, ставете ја ја маската преку лицето.
2) Отстранете ја маската по 15-20 минути.
3) Нежно тапкајте ја преостанатата содржина за целосна апсорпцијата.
-
COSRX Full Fit Propolis Nourishing Magnet Sheet Mask
299 денЗбогатена со прополис, матична млеч и екстракт од мед, оваа лист-маска ѝ пружа прихрана и долготрајна хидратација на кожата. -
COSRX Hydrium Triple Hyaluronic Water Wave Sheet Mask
360 денOriginal price was: 360 ден.299 денCurrent price is: 299 ден.Формулирана со тројна хијалуронска киселина, брзо апсорбирачката есенција од оваа маска на кожата ѝ дава чуство на богата хидратација и свежина. -
COSRX Pure Fit Cica Calming True Sheet Mask
299 денВо потрага сте по брз и ефикасен начин за подобрување на состојбата на кожата? Ќе ви претставиме еден производ со кој ќе постигнете навлажнета и сјајна кожа само во еден чекор, со видливи резултати по само 1 употреба.
Ви ја претставуваме лист-маската COSRX Pure Fit Cica Calming True Sheet Mask потопена во делотворна есенција богата со екстракти од азиска центела, коja нуди инстант решение за смирување на иритацијата и црвенилото, пружа богата хидратација и поттикнува заздравување на кожата.
Tкаенината од лист-маската потопена во богата есенција, поставете ја на лицето и оставете ја да делува 15-20 минути. Ќе забележите видливо подобрување на кожата само по 1 употреба. Кожата веднаш добива подобар тон, полн изглед и зрачи со здрав сјај.
❤️🩹 Погодна е за употреба кај сите типови кожа, а посебно се препорачува за употреба кај чувствителна кожа со ослабната заштитна бариера на која ѝ е потребна интензивна смирувачка нега. Го поттикнува заздравувањето на кожата, го смирува црвенилото и ја зајакнува кожата и нејзината заштитна бариера.
Есенцијата од оваа маска е формулирана со Pure Fit CICA-7, патентиран природен комплекс направен од 7 состојки добиени од центела кој содржи:
- азиатикозид
- азиатична киселина
- мадекасинска киселина
- мадекасозид
- екстракт од азиска центела
- екстракт од лист од азиска центела
- екстракт од корен од азиска центела
Дејство на CICA-7 комплексот:
- Ја смирува иритираната кожа
- Ја штити чувствителната кожа
- За зајакнува бариерата на кожата
Употреба: По миењето на лицето, извадете ја лист-маската од пакувањето. Покријте го лицето со маската започнувајќи со делот околу очите. По 15 до 20 минути отстранете ја маската и нежно тапкајте го лицето за да се впие преостанатата есенција. Содржината од маската не се измива туку се остава да делува на лицето, се тапка за да се впие целосно.
-
FAU Core Intensive Collagen Velvet Mask 25ml
149 денCore Intensive Collagen Velvet Mask е високо хранлива колагенска маска која ја зацврстува кожата и ѝ дава еластичност. Формулирана за да ја подобри цврстината и природниот сјај на кожата, оваа маска обезбедува длабока хидратација и ја зајакнува кожната бариера.
Благодарение на пептидниот комплекс со 5 пептиди, ја подобрува еластичноста и ја обновува кожата, додека Aquaxyl, патентирана состојка, создава интензивен хидратантен ефект кој трае долго. 7 вида хијалуронска киселина формираат хидратантен заштитен слој кој ја навлажнува кожата од површината до најдлабоките слоеви.
Главни придобивки:
- Зацврстува и ја подобрува еластичноста на кожата
- Ги измазнува фините линии и ја враќа свежината
- Создава интензивен хидратантен слој за долготрајна влажност
- Ја зајакнува кожната бариера и ја прави поотпорна
- Дерматолошки докажано ја подобрува текстурата и сјајот на кожата
Клучни состојки:
- Хидролизиран колаген (4000ppm) – за цврстина и еластичност
- 7 вида хијалуронска киселина – обезбедуваат длабинска хидратација
- 5 вида пептиди – поттикнуваат регенерација и го подобруваат тонусот на кожата
- Aquaxyl – патентирана состојка која ја оптимизира влажноста и ја зајакнува кожната бариера
Како да се користи:
По нанесување на тоник, поставете ја маската рамномерно на лицето. Оставете ја да делува 10-15 минути, потоа внимателно отстранете ја. Останатата есенција нежно втријте ја во кожата за максимален ефект.Со редовна употреба, кожата станува поцврста, еластична и со здрав, блескав изглед.
-
FAU Core Intensive Collagen Velvet Mask 25ml (пакување со 10 парчиња)
1.490 денCore Intensive Collagen Velvet Mask е високо хранлива колагенска маска која ја зацврстува кожата и ѝ дава еластичност. Формулирана за да ја подобри цврстината и природниот сјај на кожата, оваа маска обезбедува длабока хидратација и ја зајакнува кожната бариера.
Благодарение на пептидниот комплекс со 5 пептиди, ја подобрува еластичноста и ја обновува кожата, додека Aquaxyl, патентирана состојка, создава интензивен хидратантен ефект кој трае долго. 7 вида хијалуронска киселина формираат хидратантен заштитен слој кој ја навлажнува кожата од површината до најдлабоките слоеви.
Главни придобивки:
- Зацврстува и ја подобрува еластичноста на кожата
- Ги измазнува фините линии и ја враќа свежината
- Создава интензивен хидратантен слој за долготрајна влажност
- Ја зајакнува кожната бариера и ја прави поотпорна
- Дерматолошки докажано ја подобрува текстурата и сјајот на кожата
Клучни состојки:
- Хидролизиран колаген (4000ppm) – за цврстина и еластичност
- 7 вида хијалуронска киселина – обезбедуваат длабинска хидратација
- 5 вида пептиди – поттикнуваат регенерација и го подобруваат тонусот на кожата
- Aquaxyl – патентирана состојка која ја оптимизира влажноста и ја зајакнува кожната бариера
Како да се користи:
По нанесување на тоник, поставете ја маската рамномерно на лицето. Оставете ја да делува 10-15 минути, потоа внимателно отстранете ја. Останатата есенција нежно втријте ја во кожата за максимален ефект.Со редовна употреба, кожата станува поцврста, еластична и со здрав, блескав изглед.
-
FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-pad 96g / 60еа
1.395 денFAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad се вегански хидрогел лепенки за интензивна нега и смирување на кожата.
Овие мултифункционални хидрогелни лепенки, збогатени со екстракт од млада тиква со потекло од кореја и и екстракт од тиква ферментиран со лактобацилус, обезбедуваат длабинска нега и зајакнување на кожата. Со својата лесна, хидрогел текстура, веднаш се прилепуваат на кожата, создавајќи ефект на освежување и ладење.
Совршено се прилагодуваат за осетливите зони околу очите, усните и челото, но и за поголеми површини како образите и вратот. Благодарение на 100% растворливата формула, тие постепено ја ослободуваат својата хранлива есенција, оставајќи ја кожата еластична, мазна и ревитализирана.
Главни придобивки:
- Интензивна хидратација и освежувачко ладење
- Брзо смирување и намалување на иритациите
- Совршена адхезија без лепливост
- Сертифициран вегански производ, без тестирање на животни
- Погодни за употреба на повеќе делови од лицето и вратот
Клучни состојки:
- Екстракт од тиква – богат со витамини и антиоксиданти за интензивна нега
- Фермент од тиква со лактобацилус – ја зајакнува бариерата на кожата и ја одржува хидратацијата
- Карагенан – природен згуснувач добиен од морска трева кој обезбедува удобна желе текстура и помага за подолготрајно дејство.
- Аскорбинска киселина (витамин Ц) – ја осветлува кожата и го подобрува нејзиниот изглед
Како да се користи:
Со помош на шпатула, поставете ги поголемите облоги околу очите, а помалите на местата кои имаат потреба од посебна нега, како што се пределот околу усните или челото. Оставете ги да делуваат 20-30 минути, а потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.Со Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad, вашата кожа ќе биде видливо смирена, хидрирана и свежа со само еден третман!
-
FAU Skin Solution SOS Travel Kit (toner 20ml, serum 5ml, cream 15g, mask 25g)
1.532 денFAU Skin Solution SOS Travel Kit е комплет за нега на чувствителна и иритирана кожа, идеален за патување или тестирање на производите од линијата. Комплетот содржи мини верзии на четири клучни производи за целосна рутина: тонер, серум, крем и маска. Формулирани со екстракти од центела азиатика, прополис и чајно дрво, овие производи се наменети за смирување на црвенило, хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Сетот вклучува:
-
Skin Solution SOS Toner (20ml) – Нежен, тонер со ниска киселост, со 80% центела вода за смирување и нега.
-
Skin Solution SOS Serum (5ml) – Ампула со 70% центела и 10% прополис, идеална за локално третирање на црвенила и акни.
-
Skin Solution SOS Cream (15g) – Калминг крем со 71% алое вера за регенерација и навлажнување на чувствителна кожа.
-
Skin Solution SOS Mask (1 маска) – Ладечка маска што ја намалува температурата на кожата и обезбедува моментално олеснување.
Клучни придобивки:
-
Дерматолошки тестиран за иритирана кожа
-
Хипоалергени формули за чувствителна и проблематична кожа
-
Лесно и безбедно за носење – идеално за патување
-
Природни состојки за хидратација, смирување и заштита на кожата
Активни состојки:
Центела азиатика, прополис, чајно дрво, алое вера, алантоин, камилица, портокалово и лимоново масло -
-
Klairs Midnight Blue Calming Sheet Mask
190 денЗа производот Разладете ја вжештената кожа на лицето со Midnight Blue Calming Sheet Mask. Тоа е лист-маска со црна ткаенина која содржи бамбус и јаглен, потопена во богата смирувачка есенција. Благодарение на еритролот кој го содржи оваа есенција, маската ја смирува кожата и ја намалува температурата. Благодарение на екстрактот од азиска центела таа има антиинфламаторно дејство. Ефикасна е во прочистување на порите. Погодна е за мрсна кожа, чувствителна кожа, иритирана кожа, кожа со проширени пори и вжештена кожа. Употреба По чистењето извадете ја маската од пакувањето и одвиткајте ја внимателно. Рамномерно поставете ја на лицето, прилагодувајќи го горниот дел на очите, а долниот дел на устата. По 15-20 минути отстранете ја маската од лицето и тапкајте нежно за да се впие преостанатата есенција. Активни состојки • Eритритол • Екстракт од азиска центела • Алантоин Состав Состав: вода, бутилен гликол, метилпропандиол, глицетет-26, 1,2-хександиол, екстракт од геанче од Salix alba (врба), глицерин, еритритол, бетаин, аргинин, карбомер, алантоин, етилхексилглицерин, полиглицерил-10 лаурат, пропандиол, глицерил акрилат/кополимер на акрилна киселина, карагенан, PVM/MA кополимер, динатриум EDTA, дикалиум глициризат, екстракт од Centella asiatica. Разладете ја вжештената кожа на лицето со Midnight Blue Calming Sheet Mask. Тоа е лист-маска со црна ткаенина која содржи бамбус и јаглен, потопена во богата смирувачка есенција. Благодарение на еритролот кој го содржи оваа есенција, маската ја смирува кожата и ја намалува температурата. Благодарение на екстрактот од азиска центела таа има антиинфламаторно дејство. Ефикасна е во прочистување на порите. Погодна е за мрсна кожа, чувствителна кожа, иритирана кожа, кожа со проширени пори и вжештена кожа. По чистењето извадете ја маската од пакувањето и одвиткајте ја внимателно. Рамномерно поставете ја на лицето, прилагодувајќи го горниот дел на очите, а долниот дел на устата. По 15-20 минути отстранете ја маската од лицето и тапкајте нежно за да се впие преостанатата есенција. • Eритритол • Екстракт од азиска центела • Алантоин Состав: вода, бутилен гликол, метилпропандиол, глицетет-26, 1,2-хександиол, екстракт од геанче од Salix alba (врба), глицерин, еритритол, бетаин, аргинин, карбомер, алантоин, етилхексилглицерин, полиглицерил-10 лаурат, пропандиол, глицерил акрилат/кополимер на акрилна киселина, карагенан, PVM/MA кополимер, динатриум EDTA, дикалиум глициризат, екстракт од Centella asiatica. -
MATRIGEN Skin Repair Mask 30g
179 денMatrigen Skin Repair Mask е високософистицирана лист-маска (sheet mask) дизајнирана за моментално ревитализирање на кожата изложена на стрес. Оваа маска претставува вистинска „хидратантна бомба“ која нуди тројна нега, длабинска хидратација, интензивно смирување и моќен анти-ејџ ефект. Изработена е од материјал кој совршено се прилепува на лицето, овозможувајќи и на богатата есенција да навлезе длабоко во порите. Идеална е за професионална салонска нега и во домашни услови, враќајќи го свежиот и одморен изглед на лицето уште по првото нанесување.
Оваа маска нуди решение за оние со сува кожа на која ѝ е потребна силна хидратација, за лица со уморен тен кој го изгубил својот природен сјај, како и за кожа со нарушена бариера поради стрес или надворешни влијанија. Таа е специјално наменета како итен третман по козметички процедури како хемиски пилинг или микронидлинг (дермапен), бидејќи веднаш го намалува црвенилото и ја забрзува регенерацијата. Со редовна употреба, маската видливо ги намалува фините линии и ја враќа виталноста на кожата.
Комплексот од 6 видови пептиди (вклучувајќи Copper Tripeptide-1 и Palmitoyl Pentapeptide-4) е клучниот столб на оваа формула. Овие пептиди делуваат како клеточни гласници кои го стимулираат производството на колаген и еластин, го зајакнуваат заштитниот слој на кожата и обезбедуваат долготрајна цврстина и еластичност.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува интензивно подмладување и поправка на оштетеното ткиво.
- Моментално го смирува воспалението и ја лади иритираната кожа.
- Има супериорна хидратантна моќ благодарение на високата концентрација на хијалуронска киселина.
- Видливо ги намалува фините линии и ги измазнува брчките.
- Ја детоксицира и омекнува кожата, давајќи му на лицето здрав сјај.
- Совршено се прилепува на кожата за максимална апсорпција на активните состојки.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- 6-те видови пептиди интензивно го регенерираат епидермисот и ја враќаат еластичноста.
- Екстрактот од хибискус помага за нежна ексфолијација, отстранување на токсините и омекнување на кожата.
- Екстрактот од еделвајс е смирувачки антиоксиданс кој ја поттикнува циркулацијата и формира нов заштитен слој.
- Екстракт од лист од лотос ги неутрализира слободните радикали, го спречува стареењето и ги стеснува порите.
- Екстракт од мед е богат со витамини од Б-групата кои спречуваат сувост и го забрзуваат циклусот на обнова.
- Аденозинот и пантенолот се функционални состојки кои ги измазнуваат брчките и ја штитат кожата од иритации.
- Алантоинот и ниацинамидот овозможуваат осветлување на темните дамки.
Начин на употреба: По миење на лицето, подгответе ја кожата со тонер. Извадете ја маската од пакувањето и поставете ја на лицето според контурите. Оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа нежно отстранете ја. Преостанатата есенција нежно тапкајте ја во кожата додека целосно не се впие. Не плакнете со вода. Се препорачува употреба 1-2 пати неделно или по потреба за итна регенерација.
-
MATRIGEN Skin Repair Mask 30gx10pcs
1.790 денMatrigen Skin Repair Mask е високософистицирана лист-маска (sheet mask) дизајнирана за моментално ревитализирање на кожата изложена на стрес. Оваа маска претставува вистинска „хидратантна бомба“ која нуди тројна нега, длабинска хидратација, интензивно смирување и моќен анти-ејџ ефект. Изработена е од материјал кој совршено се прилепува на лицето, овозможувајќи и на богатата есенција да навлезе длабоко во порите. Идеална е за професионална салонска нега и во домашни услови, враќајќи го свежиот и одморен изглед на лицето уште по првото нанесување.
Оваа маска нуди решение за оние со сува кожа на која ѝ е потребна силна хидратација, за лица со уморен тен кој го изгубил својот природен сјај, како и за кожа со нарушена бариера поради стрес или надворешни влијанија. Таа е специјално наменета како итен третман по козметички процедури како хемиски пилинг или микронидлинг (дермапен), бидејќи веднаш го намалува црвенилото и ја забрзува регенерацијата. Со редовна употреба, маската видливо ги намалува фините линии и ја враќа виталноста на кожата.
Комплексот од 6 видови пептиди (вклучувајќи Copper Tripeptide-1 и Palmitoyl Pentapeptide-4) е клучниот столб на оваа формула. Овие пептиди делуваат како клеточни гласници кои го стимулираат производството на колаген и еластин, го зајакнуваат заштитниот слој на кожата и обезбедуваат долготрајна цврстина и еластичност.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува интензивно подмладување и поправка на оштетеното ткиво.
- Моментално го смирува воспалението и ја лади иритираната кожа.
- Има супериорна хидратантна моќ благодарение на високата концентрација на хијалуронска киселина.
- Видливо ги намалува фините линии и ги измазнува брчките.
- Ја детоксицира и омекнува кожата, давајќи му на лицето здрав сјај.
- Совршено се прилепува на кожата за максимална апсорпција на активните состојки.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- 6-те видови пептиди интензивно го регенерираат епидермисот и ја враќаат еластичноста.
- Екстрактот од хибискус помага за нежна ексфолијација, отстранување на токсините и омекнување на кожата.
- Екстрактот од еделвајс е смирувачки антиоксиданс кој ја поттикнува циркулацијата и формира нов заштитен слој.
- Екстракт од лист од лотос ги неутрализира слободните радикали, го спречува стареењето и ги стеснува порите.
- Екстракт од мед е богат со витамини од Б-групата кои спречуваат сувост и го забрзуваат циклусот на обнова.
- Аденозинот и пантенолот се функционални состојки кои ги измазнуваат брчките и ја штитат кожата од иритации.
- Алантоинот и ниацинамидот овозможуваат осветлување на темните дамки.
Начин на употреба: По миење на лицето, подгответе ја кожата со тонер. Извадете ја маската од пакувањето и поставете ја на лицето според контурите. Оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа нежно отстранете ја. Преостанатата есенција нежно тапкајте ја во кожата додека целосно не се впие. Не плакнете со вода. Се препорачува употреба 1-2 пати неделно или по потреба за итна регенерација.
-
MEDICUBE Deep Peptide Radiance Mask 27ml (1 piece)
190 денMedicube Deep Peptide Radiance Mask е напредна лист-маска за нега на кожата што комбинира моќен пептиден комплекс, ниацинамид и екстракт од Centella Asiatica за ефективна анти-ејџ, осветлувачка и смирувачка нега. Формулирана за длабинска хидратација и ревитализација, оваа маска помага во намалување на фините линии, изедначување на тенот и зајакнување на кожната бариера.
Пептидите го поттикнуваат производството на колаген, спречувајќи знаци на стареење и подобрувајќи ја еластичноста. Ниацинамидот делува како моќен осветлувач што го намалува појавувањето на темни флеки и хиперпигментација, додека екстрактот од Centella Asiatica ја смирува кожата и ја зајакнува нејзината природна заштитна функција.
Дополнителните состојки, како хијалуронска киселина и керамид NP, ја зголемуваат хидратацијата и ја задржуваат влагата во кожата, оставајќи ја мека, еластична и здрава.
Клинички докажани придобивки:
- Зголемување на сјајот и ревитализација на уморната кожа
- Подобрување на хидратацијата и задржување на влагата
- Намалување на видливите знаци на стареење
- Смирување на чувствителната и иритираната кожа
Како да се користи: нанесете ја маската на чиста кожа и оставете ја да делува 10-20 минути. Потоа отстранете ја и нежно масирајте ја преостанатата есенција додека целосно не се апсорбира.
Погодна за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна кожа.
-
MEDICUBE PDRN Pink Collagen Gel Mask 28g (1 piece)
399 денMedicube PDRN Pink Collagen Jelly Gel Mask е ноќна гел маска што обезбедува длабока хидратација, зголемена еластичност и мазен, сјаен изглед. Формулирана со salmon PDRN (ДНК од лосос) и нискомолекуларен колаген, оваа маска помага во регенерацијата на кожата и поттикнува природно производство на колаген.
PDRN (полидезоксирибонуклеотид) ја зајакнува кожната бариера, ја подобрува хидратацијата и го поттикнува обновувањето на клетките. Хидролизираниот колаген продира длабоко во кожата, обезбедувајќи цврстина и мазност.
Клиничките тестирања покажуваат:
- 9.3% намалување на фините линии околу очите
- 2.9% подобрување на еластичноста
- 8.2% измазнување на текстурата по само една употреба
- 79.9% зголемување на површинската хидратација веднаш по нанесувањето
- 39.4% подобрување на задржувањето на влагата во текот на 24 часа
Гел формулата се трансформира од мат желе во транспарентен гел, сигнализирајќи дека кожата ја апсорбирала оптималната количина на активни состојки. Дерматолошки тестирана и без вештачки бои, погодна е за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна.
Моментално ја намалува температурата на кожата за 7.9°C, овозможувајќи освежување и смирувачки ефект.
Како да се користи: нанесете рамномерно на чиста кожа како последен чекор во вечерната рутина, оставете да делува преку ноќ.
-
MEDICUBE Zero Pore Cooling Mask 27g (1 piece)
199 денMedicube Zero Pore Cooling Mask е лист-маска развиена за намалување на видливоста на порите, освежување на кожата и контрола на себумот. Формулирана со ниацинамид и аденозин, помага во подобрување на текстурата, балансирање на маснотиите и изедначување на тенот.
Екстрактите од корен од кудзу и улмус, заедно со уште пет растителни состојки, обезбедуваат длабока хидратација и смирувачки ефект. Оваа маска е идеална за кожа склона кон несакани неправилности, бидејќи има прочистувачко и освежувачко дејство, кое ја намалува иритацијата и го спречува запушувањето на порите. Лесната формула веднаш ја намалува температурата на кожата, помагајќи во смирување на црвенилото и чувството на непријатност.
Ниацинамидот во составот придонесува за поизедначен тен, намалување на дамките и враќање на природниот сјај на кожата. Благодарение на својствата за контрола на себумот, оваа маска е одличен избор за комбинирана и масна кожа, бидејќи ја остава чиста, освежена и хидрирана без чувство на тежина.
За најдобри резултати, нанесете ја маската на чисто лице, оставете ја да делува 10-20 минути, а потоа отстранете ја и нежно масирајте ја преостанатата есенција за целосна апсорпција. Со редовна употреба, кожата станува поцврста, помазна и видливо посвежа.
Оваа лист-маска е совршено решение за сите кои бараат ефикасна нега што комбинира затегнување на порите, хидратација и освежување, додека нежната формула ја прави погодна и за чувствителна кожа.
-
MIZON Hyalugen Pearly Jelly Mask 35g
370 денOriginal price was: 370 ден.261 денCurrent price is: 261 ден.Тоа е маска за лице со Aurora гел текстура. Се прилепува блиску до кожата, обезбедувајќи максимална апсорпција на активните состојки. Содржи иновативна состојка Hyalugen, која хидрира, го подобрува тонусот на кожата и ја намалува појавата на ситни линии и брчки.
Hyalugen e иновативна состојка на Mizon што комбинира нискомолекуларен колаген и високомолекуларна хијалуронска киселина во оптимален сооднос 7:3. За разлика од обичните комплекси кои ги комбинираат овие состојки со мешање, Hyalugen ги поврзува овие две состојки во една состојка преку хемиски процес, со што повеќекратно се зголемува нивната ефикасност.
- Го подобрува тонусот и текстурата на кожата.
- Дава видливи резултати по само една употреба.
- Ги намалува брчките и фините линии.
- Ги забавува знаците на стареење.
- Обезбедува длабинска хидратација.
- Видливо го зголемува сјајот на кожата.
- Има одлична адхезија за поголема ефикасност.
-
MIZON Joyful Time Essence Mask – Aloe 23g
120 денOriginal price was: 120 ден.108 денCurrent price is: 108 ден.MIZON Joyful Time Essence Mask - Aloe е маска со есенција од алое која има неверојатен навлажнувачки ефект врз кожата. Нежно ја навлажнува кожата, ја смирува и ѝ дава свеж изглед. Тоа е 3D лист-маска која природно се прилепува на кожата за подобро пренесување на високо концентрираните активни состојки кои ја одржуваат кожата хидрирана. Употреба: По миењето на лицето, нанесете тонер. Потоа извадете ја лист-маската од пакувањето. Покријте го лицето со маската започнувајќи со делот околу очите. По 10 до 20 минути отстранете ја маската и нежно тапкајте го лицето за да се впие преостанатата есенција. Состав: вода, глицерин, метилпропандиол, бетаин, алкохол, 1,2-хександиол, PEG-40 хидрогенирано рицинусово масло, ксантан гума, екстракт од семе од Salvia hispanica, екстракт од Centella asiatica, екстракт од Houttuynia cordata, натриум цитрат, пропандиол, етилхексилглицерин, лимонска киселина, динатриум EDTA, алантоин, хидролизиран колаген, фруктоолигосахариди, сахарид хидролизат, бутилен гликол, пулулан, натриум хијалуронат, екстракт од лист од Aloe barbadensis (10ppm), феноксиетанол, арома.