-
MIZON Collagen Power Lifting Toner 120ml
1.287 денCollagen power lifting toner е тонер кој содржи висока концентрација на раствор од колаген, делува смирувачки и овозможува совршен почеток за нега, хидратација и зацврстување на кожата. Jа подобрува еластичноста на кожата со надополнување на постојниот колаген во кожата. Збогатениот колаген ја одржува кожата мазна и радијантна додека ги намалува фините линии и брчките. Употреба: По чистењето на лицето, нанесете од тонерот на памучна подлога и нанесете на ллицето, два пати дневно, наутро и навечер. -
MIZON Collagen Set
1.880 ден1.431 денТоа е сет од четири производи со колаген за сеопфатна нега на лицето. Пмага за хидратација, зацврснување и лифтинг на кожата. Сетот содржи тонер, емулзија, ампула и крем.
-
MIZON Hyalugen Double Layer Mist 100ml
1.590 ден1.476 денТоа е спреј за лице со два типа на есенции со различна густина. Збогатен е со Hyalugen за подобрување на еластичноста и хидратацијата на кожата. Го подобрува тонусот на кожата, ја намалува појавата на ситни линии и брчки, го забавува процесот на стареење и обезбедува инстантен сјај и континуирана хидратација.
Hyalugen е иновативна состојка на Mizon што комбинира нискомолекуларен колаген и високомолекуларна хијалуронска киселина во оптимален сооднос 7:3. За разлика од обичните комплекси кои ги комбинираат овие состојки со мешање, Hyalugen ги спојува овие две состојки во една преку хемиски процес, со што значително се зголемува нивната ефикасност.
-
MIZON Hyalugen Water Toner 130ml
1.290 ден1.161 денТоа е прв чекор во хидратацијата на кожата. Содржи Hyalugen, иновативна состојка што ја подобрува еластичноста на кожата и длабински ја хидрира. Ги подобрува тонусот и текстурата на кожата, ја намалува појавата на ситни линии и брчки и го успорува процесот на стареење.
Hyalugen е иновативна состојка на Mizon што комбинира нискомолекуларен колаген и високомолекуларна хијалуронска киселина во оптимален сооднос 7:3. За разлика од обичните комплекси кои ги комбинираат овие состојки со мешање, Hyalugen ги спојува овие две состојки во една преку хемиски процес, со што значително се зголемува нивната ефикасност.
-
MIZON Snail Miniature Set
1.879 ден1.431 денСет од 4 мини производи од линијата Snail, пена за чистење, тонер, есенција и крем. Сет за сеопфата нега на лицето во 4 чекори.
-
Mizon Snail Repair Intensive Toner 100ml
1.290 ден1.251 денMizon Snail Repair Intensive тонерот со концентриран филтрат од слуз од полжав, ја враќа рамнотежата на вода и масти и виталноста на кожатa, го успорува процесот на појава на брчки, овозможува еластичност и обновување на кожата.
Вметнете го овој производ во својата рутина, веднаш по миењето и почувствувајте го моменталниот ефект на зголемена хидратација. Транспарентната гел текстура на водена база овозможува флексибилност со длабока хидратација, со лесна впивливост, без сушење на кожата.
Дејство:
- Ги намалува фините линии
- Ја спречува појавата на брчки
- Ја подобрува еластичноста на кожата
- Ги контролира порите и ја спречува појавата на црнки
- Ја измазнува текстурата на кожата
- Го изедначува нерамномерниот тен
- Ја обновува кожата
- Ја зголемува отпорноста на кожата
Не содржи парабени и вештачки парфеми кои предизвикуваат иритации, така што може да се употребува и за чувствителна кожа.
Има мултифункционална формула која покрај високата концентрација на филтрат од слуз од полжав содржи и аденозин, состојка позната по своето антиејџ дејство, во намалување на фините линии и спречување на појава на нови линии и брчки, подобрување на тенот и стимулирање на производство на колаген. Содржи и екстракт од азиска центела кој ја смирува иритацијата на кожата.
Овој тонер е наменет за корисниците кои:
- сакаат да ја намалат појавата на фини линии и брчки
- имаат потреба од брза хидратација на сувата кожа
- потребно им е регенерација на нивната оштетена кожа
- сакаат да ја вратат еластичноста на опуштената кожа
- имаат потреба од враќање на радијантноста и сјајот, измазнување на нивната груба и изморена кожа
-
-
-
-
Sioris Falling Into The Rose Mist 30 ml
790 ден690 денFalling Into The Rose Mist на корејскиот бренд Sioris е спреј со хидрантна и избалансирана комбинација на зелен чај, вода од роза и хранливи масла, совршена за сите типови на кожа, особено за оние кои имаат помрсна кожа.
Познат по своите органски состојки, Sioris користи 47,5% зелен чај собран еднаш годишно од врвот на Босеонг. Во својот состав содржи екстракт од 2% од лисја од чемпрес, 2,5% сквалан и 1,5% арганово масло, кои сите заедно брзо се апсорбираат, помагаат во балансирањето на производството на себум на кожата, како и во смирувањето на чувствителноста и иритацијата и во одржувањето на хидрирана бариера на кожата. Неговиот мирис на свежа роза е добиен само од природни есенцијални масла.
Овој производ е вегански и е првиот производ од Sioris сертифициран од COSMOS. Без никаква лепливост или чувство на маснотија, тој е одличен и за чувствителна и за мрсна кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да се измешаат водата и маслото и шприцајте 2-3 пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
-
Sioris Feel So Fresh Toner
1.290 денСо изобилство од природни и органски состојки, Feel So Fresh Toner од корејскиот бренд Sioris, и помага на кожата да ја врати рамнотежата, истовремено додававајќи и хидратација и подобрувајќи ја текстурата на кожата.
Органскиот екстракт од цитрус од Џеџу е преполн со витамин Ц, кој помага во осветлувањето на кожата, додека екстрактот од брокула додава хидратација на чувствителната кожа. Екстрактот од кора од црна врба нежно ја ексфолира кожата, помага да се елиминираат црните точки и мртвите клетки, како и во контролата на себумот.
Овој природен тонер е направен со 90% органски сезонски состојки од Јужна Кореја, за оптимална свежина и ефикасност. Клинички тестиран, не иритирачки, овој тонер е совршен за оние со мрсна, комбинирана и чувствителна кожа. Со ниска pH вредност и антимикробен, овој тонер не содржи парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
УПОТРЕБА: По чистењето, нанесете го тонерот на памучна подлога и со кружни движења, нежно поминете низ целото лице.
-
Sioris Time Is Running Out Mist 100ml
1.290 денTime Is Running Out Mist на корејскиот бренд Sioris е иновативна три во еден формула за нега на кожата. Овој спреј со ниска ph вредност, кој функционира како тонер, спреј-ампула или серум и дава на дехидрираната кожа освежувачко зајакнување со хранлива хидратација.
Содржи 78% органска овошна вода (сезонска зелена слива), која е преполна со хранливи материи и минерали со која обезбедува непосредна хидратација. Трите масла, корисни за кожата, масло од макадамија, масло од јојоба и сончогледово масло, обезбедуваат долготрајна хранливост и влажност на кожата. Сите состојки се набавуваат во Кореја и се собираат сезонски, за оптимална свежина и ефикасност. Овој производ не содржи парабени, вештачки мириси, адитиви или штетни хемикалии. Се препорачува за сите типови на кожа, особено за оние со сува и дехидрирана кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да ги измешате маслото и водата темелно и прскајте два до три пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
-
Sioris Time Is Running Out Mist 30ml
790 ден690 денTime Is Running Out Mist на корејскиот бренд Sioris е иновативна три во еден формула за нега на кожата. Овој спреј со ниска ph вредност, кој функционира како тонер, спреј-ампула или серум и дава на дехидрираната кожа освежувачко зајакнување со хранлива хидратација.
Содржи 78% органска овошна вода (сезонска зелена слива), која е преполна со хранливи материи и минерали со која обезбедува непосредна хидратација. Трите масла, корисни за кожата, масло од макадамија, масло од јојоба и сончогледово масло, обезбедуваат долготрајна хранливост и влажност на кожата. Сите состојки се набавуваат во Кореја и се собираат сезонски, за оптимална свежина и ефикасност. Овој производ не содржи парабени, вештачки мириси, адитиви или штетни хемикалии. Се препорачува за сите типови на кожа, особено за оние со сува и дехидрирана кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да ги измешате маслото и водата темелно и прскајте два до три пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
-
Sisua by Unleashia Tasmanian Pepper Calming 2-Piece Pad 170ml/70 марамчиња
1.690 ден1.306 денЗа сите оние на кои им е потребно брзо смирување на иритацијата и црвенилото тука е 𝗧𝗮𝘀𝗺𝗮𝗻𝗶𝗮𝗻 𝗣𝗲𝗽𝗽𝗲𝗿 𝗖𝗮𝗹𝗺𝗶𝗻𝗴 𝟮-𝗣𝗶𝗲𝗰𝗲 𝗣𝗮𝗱 на 𝗦𝗶𝘀𝘂𝗮 𝗕𝘆 𝗨𝗻𝗹𝗲𝗮𝘀𝗵𝗶𝗮!
Тоа се нежни марамчиња потопени во моќна смирувачка есенција формулирана со повеќе растителни екстракти како екстракт од соја, екстракт од мунго грав, или екстракт од морска трева, во комбинација со пробиотици, кои истовремено ја потхрануваат, хидрираат, зајакнуваат и ревитализираат кожата, додека ѝ пружаат моќно антиоксидантно и антиејџ дејсво и ја поттикнуваат нејзината регенерација додека ја штитат од надворешните штетни влијанија.
Овие меки марамчиња потопени во 170 ml навлажнувачка есенција која брзо се впива во кожата, моментално ја смирува и ѝ дава суптилен, влажен сјај без лепливост.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ
- Екстракот од тасманиски бибер има антивоспалително дејство и ги смирува црвенилото и иритацијата.
- Добиен од органски Codium fragile од крајбрежјето на Португалија, екстрактот од оваа морска трева ефикасно ја намалува подуеноста на кожата. Има интензивно хидратантно дејство и кожата ја прави мазна и полна. Богат е со минерали, витамини, протеини и липиди и го поттикнува обновувањето на кожата.
- Ферментите на Lactobacillus се пробиотици кои имаат антиејџ дејство, ја поттикнуваат регенерацијата на кожата и ја штитат од слободните радикали.
- Екстрактот од соја е антиоксидант која ја зацврстува кожата и има антиејџ дејство.
- Екстрактот од мунго грав има смирувачко, антиоксидантно и антиејџ дејство, а исто така го контролира создавањето на себум.
Специјално дизајнирани, имаат перфорирана линија и може да се поделат на триаголни марамчиња зависно од начинот на употреба.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner 210ml
1.247 ден935 денSKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner е освежувачки хидратантен тонер со AHA и LHA, наменет за нежна ексфолијација и подобрување на сјајот на кожата. Формулиран е за чувствителна, нормална и сува кожа, обезбедувајќи балансирана нега која ги комбинира хидратацијата, смирувањето и регенерацијата на кожата.
Тонерот содржи 70.000 ppm вода од лист од азиска центела, богат извор на активни состојки кои го поттикнуваат создавањето колаген, го смируваат воспалението и го унапредуваат заздравувањето на кожата. Хијалуронската киселина со пет големини на молекули овозможува длабинска и долготрајна хидратација, додека церамидите ја зајакнуваат природната бариера и ја прават кожата поеластична и мазна.
Благодарение на содржината на AHA (лимонска киселина) и LHA (каприлоил салицилна киселина), овој тонер овозможува нежно отстранување на мртвите клетки и прочистување на порите без иритации. Течната формула лесно се впива, оставајќи свеж и природно сјаен финиш. Природната сина нијанса потекнува од екстракт од гарденија, а пријатниот мирис од екстракти од диња и круша.
Клучни придобивки:
- Прави нежна ексфолијација со AHA + LHA за подобрување на текстурата и прочистување на порите.
- Длабински хидрира со 5 типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна маса, за хидратација во подлабоките слоеви на кожата.
- Пружа смирување и регенерација со Centella asiatica.
- Го осветлува и воедначува на тонот на кожата.
- Ја подобрува еластичноста и ја зајакнува кожната бариера.
Погоден за секојдневна употреба, овој тонер е одличен избор за сите кои бараат производ што истовремено хидрира, смирува и нежно ексфолира, при тоа подобрувајќи го сјајот и тонусот на кожата.
Начин на употреба: нанесете со памучен туфер или директно со дланки и тапкајте додека не се апсорбира целосно.