-
Beplain Greenful Cleansing Oil 20ml
681 денЗапочнете ја вечерната рутина за нега на кожата со темелно чистење со лесното и освежувачко масло 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗢𝗶𝗹 на корејскиот бренд 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻.
Toa e oдлично масло за миење на лицето кое ефикасно ги чисти остатоците од шминка и вишокот маснотии, ги отстранува мртвите клетки и нечистотиите од кожата. Покрај тоа, екстрактот од мунго грав помага да се зајакне бариерата на кожата и помага да се подобри нејзиниот тон, еластичност и текстура.
Освои 1-во место на Hwahae Beauty Awards 2021 за најдобар нов производ во категоријата на масла, за втората половина на 2021 и 1-во место на Hwahae Beauty Awards 2022 за најдобар производ во категоријата на масла.
Екстрактот од мунго грав помага во чистење на остатоците од шминка, нечистотии од порите и вишокот на себум.
Екстрактот од никулци на мунго грав помага во подобрување на тонот на кожата и текстурата на кожата.
Маслото од семе од зелен чај ја зголемува еластичноста на кожата и ја зајакнува бариерата на кожата.
Не предизвикува иритација и црвенило на кожата. Не остава леплива трага. Завршен е тест за сензитивност на кожата и докажано е дека производот е погоден за употреба кај чувствителна кожа. Производот е сертифицирано вегански.
-
Beplain Greenful pH-baalanced Cleansing Foam 20ml
665 денOriginal price was: 665 ден.466 денCurrent price is: 466 ден.Најважниот чекор во негата на кожата е чистењето. Ако нечистотијата на кожата и себумот не се измијат темелно и се остават да се акумулираат во порите, тие можат да предизвикаат воспаленија.
Започнете ја утринската рутина за нега на лицето со 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗣𝗛-𝗕𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗲𝗱 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗙𝗼𝗮𝗺. Тоа е кремаст пенлив чистач кој пружа голема сатисфакција од употребата. Нежен е со кожата, но е немилосрден со нечистотиите. На кожата и ја враќа оптималната pH вредност неопходна за одржување на здрава кожа
Постои причина зошто оваа пена за чистење на лицето е добитник на голем број награди во Кореја. Тоа е една од најнежните и најпријатните пени за чистење кои било кога сте ги пробале.
Резултатите од завршениот тест покажуваат дека е врши ултра фино чистење кое отстранува 99% од ултра ситната прашина, што докажува дека тоа е производ кој го чисти не само кремот за сончање, основната шминка, туку и ултра ситната прашина.
Содржи 33% екстракт од мунго грав кој помага да се отстранат нечистотиите од порите, но и да се врати изгубената хидратација за да се одржи кожата мека, мазна и еластична.
Исто така содржи и прав од мунго грав кој прави нежен пилинг за елиминирање на мртвите клетки и вишокот маснотии од кожата.
Не содржи вештачки сурфактанти туку сурфактанти на база на амино киселини.Состојките кои се пријателски кон кожата имаат добра способност за чистење и создаваат богата пена со фини меурчиња.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗽𝗛-𝗯𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗲𝗱 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗙𝗼𝗮𝗺 има освоено повеќе награди доделени врз база на рецензиите на корисниците на Hwahae, најпопуларната мобилна апликација за козметички рецензии во Јужна Кореја и Olivie Young, најголемиот синџир на козметички продавници во земјата.
-
Beplain Greenful pH-balanced Cleansing Foam 80ml
1.235 денOriginal price was: 1.235 ден.865 денCurrent price is: 865 ден.Најважниот чекор во негата на кожата е чистењето. Ако нечистотијата на кожата и себумот не се измијат темелно и се остават да се акумулираат во порите, тие можат да предизвикаат воспаленија.
Започнете ја утринската рутина за нега на лицето со 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗣𝗛-𝗕𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗲𝗱 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗙𝗼𝗮𝗺. Тоа е кремаст пенлив чистач кој пружа голема сатисфакција од употребата. Нежен е со кожата, но е немилосрден со нечистотиите. На кожата и ја враќа оптималната pH вредност неопходна за одржување на здрава кожа
Постои причина зошто оваа пена за чистење на лицето е добитник на голем број награди во Кореја. Тоа е една од најнежните и најпријатните пени за чистење кои било кога сте ги пробале.
Резултатите од завршениот тест покажуваат дека е врши ултра фино чистење кое отстранува 99% од ултра ситната прашина, што докажува дека тоа е производ кој го чисти не само кремот за сончање, основната шминка, туку и ултра ситната прашина.
Содржи 33% екстракт од мунго грав кој помага да се отстранат нечистотиите од порите, но и да се врати изгубената хидратација за да се одржи кожата мека, мазна и еластична.
Исто така содржи и прав од мунго грав кој прави нежен пилинг за елиминирање на мртвите клетки и вишокот маснотии од кожата.
Не содржи вештачки сурфактанти туку сурфактанти на база на амино киселини.Состојките кои се пријателски кон кожата имаат добра способност за чистење и создаваат богата пена со фини меурчиња.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗽𝗛-𝗯𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗲𝗱 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗙𝗼𝗮𝗺 има освоено повеќе награди доделени врз база на рецензиите на корисниците на Hwahae, најпопуларната мобилна апликација за козметички рецензии во Јужна Кореја и Olivie Young, најголемиот синџир на козметички продавници во земјата.
-
Beplain Multi Hyaluronic Acid Ampoule 30ml
1.520 денOriginal price was: 1.520 ден.1.216 денCurrent price is: 1.216 ден.Како до полн и младешки изглед на кожата?
Тука е 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲, моќната серумска ампула со три вида на хијалуронска киселина, која ќе ѝ ги врати свежината и сјајот на вашата кожа.Моќната хијалуронска киселина добиена од снежна печурка (Tremella fuciformis) веднаш ја хидрира кожата и ѝ дава видливо пополн изглед, свежина и сјај. Ги намалува брчките и фините линии и ја спречува појавата на нови.
За разлика од обичната хијалуронска киселина, екстрактот од снежна печурка има дополнителен бенефит за кожата. Покрај тоа што е богат со прородна хијалуронска киселина, тој го поттикнува создавањето на колаген и еласти што придонесува за враќање на еластичноста на кожата, нејзино зацврснување и спречување на појава на брчки.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 содржи три вида на хијалуронска, благодарение на кои ја врќа хидратацијата во сите слоеви на кожата, ги пополнува брчките и спречува нивно продлабочување.
Различните видови на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. На тој начин влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата.
Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Оваа ампула содржи и аденозин кој е позната антиејџ состојка која ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките.
Производот е вегански, cruelty free. Не предизвикува иритација и е погoден за употреба кај сите типови кожа, дури и кај чувствителната.
-
Beplain Multi Hyaluronic Acid Mask 25ml
269 денOriginal price was: 269 ден.188 денCurrent price is: 188 ден.Ја чувствувате кожата на лицето дехидрирана и уморна и потребно ви е инстант освежување?
Тука е 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗠𝗮𝘀𝗸, лист маската на корејскиот бренд 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻, збогатена со 8 вида на хијалуронска киселина, која нуди инстант решение за враќање на свежината и сјајот на кожата.
Благодарение на осумте вида на хијалуронска, оваа маска има моќ да ја врати хидратацијата во сите слоеви на кожата, ги пополнува брчките и го спречува нивното продлабочување.
Различните видови на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. На тој начин влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата.
Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Содржи екстракт од снежна печурка (Tremella fuciformis) кој за разлика од обичната хијалуронска киселина, има дополнителен бенефит за кожата. Покрај тоа што е богат со прородна хијалуронска киселина, тој го поттикнува создавањето на колаген и еласти што придонесува за враќање на еластичноста на кожата, нејзино зацврснување и спречување на појава на брчки.
Свиленкасто нежната природна целулозна ткаенина има многу нежна текстура и изработена е со технологија за добро прилагодување на лицето.
Производот е вегански, cruelty free. Не предизвикува иритација и е погoден за употреба кај сите типови кожа, дури и кај чувствителната.
-
Beplain Multi Hyaluronic Acid Moisturizer 70ml
1.441 денOriginal price was: 1.441 ден.1.153 денCurrent price is: 1.153 ден.𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗠𝗼𝗶𝘀𝘁𝘂𝗿𝗶𝘇𝗲𝗿 e вегански крем со 3 вида на хијалуронска киселина кој ќе ви помогне да ја вратите свежината на вашата кожа, ќе ја одржува добро хидрирана во сите слоеви, ќе ги намали брчките и фините линии и ќе ја спречи појавата на нови.
Зоштo различни видови на хијалуронска киселина?
Различните форми на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. Доколку во еден козметички производ хијалуронската киселина е застапена со мали, средни и големи молекули, влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата. Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.Овој крем содржи фитоцерамиди од природно потекло кои ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
Аденозинот е позната антиејџ состојка, ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките.
Производот е вегански, cruelty free. Не предизвикува иритација и е погoден за употреба кај сите типови кожа, дури и кај чувствителната.
-
Beplain Multi Vitamin Ampoule 30ml
1.568 денOriginal price was: 1.568 ден.1.254 денCurrent price is: 1.254 ден.𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 е моќен мултивитамиски серум, кој ги остранува хиперпигментацијата и диколорацијта, ја ревитализира уморната кожа, ја подобрува еластичноста и ги намалува брчките.
Наместо дестилирана вода содржи вода од волчји трн која е богата со витамини и го забрзува процесот на заздравување на кожата, ја поттикнува еластичноста и јахидрира кожата.
Има моќно дејство благодарение на шесте видови витамини кои ги содржи:
- витамин Ц
- 5% ниацинамид
- витамин Б5
- витамин Е
- деривати на витамин Ц
Содржи 5% ниацинамид, кој помага во изедначување на нерамномерниот тен, измазнување на нерамномерната текстура и намалување на брчките
Содржи и транексамична киселина и арбутин кои се состојки познати по својата ефикасност да ја намалуваат хиперпигментацијата и да го изедначуваат тенот.
Хијалуронската киселина и бета-глуканот на кожата ѝ пружаат богата и длабинска хидратација.
Дејство:
- Ја намалува хиперпигментациата
- Ја намалува дисколорацијата
- Го изедначува тенот
- Ги враќа сјајот и свежината на кожата
- Ја ревитализира уморната кожа
- Ги намалува брчките
- Ја спречува појавата на нови брчки
- Ја штити кожата од слободните радикали
- Хидрира
-
BIODANCE Bio-Collagen Real Deep Mask (set 34g x 4)
1.396 денСо Biodance Bio Collagen Real Deep Mask почувствувајте ја колагенска моќ за цврста и блескава кожа. Biodance Bio Collagen Real Deep Mask е најпродаваната колагенска маска што стана вирален хит на TikTok и омилен избор на милиони корисници ширум светот. Оваа хидрогел маска обезбедува длабока хидратација, затегнување и сјај, трансформирајќи ја кожата уште по првото користење.
Со уникатна формула која комбинира ултра-нискомолекуларен колаген, пробиотици и олиго хијалуронска киселина, маската ја враќа еластичноста, ги минимизира порите и видливо ги измазнува фините линии.
Придобивки:
- Пружа лабока и долготрајна хидратација.
- Ги намалува порите и ја измазнува текстурата.
- Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата.
- Го осветлува тенот и го враќа природниот сјај.
Клучни состојки:
- Нискололекуларниот колаген пептид продира длабоко за затегната и еластична кожа.
- Galactomyces ферментот гоподобрува тонус и текстурата.
- Олиго хијалуронска киселина јанавлажнува кожата и во најдлабоките слоеви.
- Ниацинамидотосветлува и ги намалува брчките.
Пробиотскиот комплексго зајакнува заштитниот слој и штити од стареење.
Клинички е докажано дека редовната употреба покажува зголемена хидратација на кожата за 204%, подобрена еластичност за 34% и намалување на големината на порите за 83%.
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лис-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакаш дополнителна хидратација и зацврстување.
-
BIODANCE Bio-Collagen Real Deep Mask 34g
349 денСо Biodance Bio Collagen Real Deep Mask почувствувајте ја колагенската моќ за цврста и блескава кожа. Biodance Bio Collagen Real Deep Mask е најпродаваната колагенска маска што стана вирален хит на TikTok и омилен избор на милиони корисници ширум светот. Оваа хидрогел маска обезбедува длабока хидратација, затегнување и сјај, трансформирајќи ја кожата уште по првото користење.
Со уникатна формула која комбинира ултра-нискомолекуларен колаген, пробиотици и олиго хијалуронска киселина, маската ја враќа еластичноста, ги минимизира порите и видливо ги измазнува фините линии.
Придобивки:
- Пружа длабока и долготрајна хидратација.
- Ги намалува порите и ја измазнува текстурата.
- Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата.
- Го осветлува тенот и го враќа природниот сјај.
Клучни состојки:
- Нискололекуларниот колаген пептид продира длабоко за затегната и еластична кожа.
- Galactomyces ферментот гоподобрува тонус и текстурата.
- Олиго хијалуронска киселина јанавлажнува кожата и во најдлабоките слоеви.
- Ниацинамидотосветлува и ги намалува брчките.
Пробиотскиот комплексго зајакнува заштитниот слој и штити од стареење.
Клинички е докажано дека редовната употреба покажува зголемена хидратација на кожата за 204%, подобрена еластичност за 34% и намалување на големината на порите за 83%.
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лис-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакаш дополнителна хидратација и зацврстување.
-
BIODANCE Cera-nol Gel Toner Pad 140g (60pads)
1.750 денЗапочни ја рутината со интензивна хидратација и смирување со Biodance Cera-nol Gel Toner Pads, иновативни гел-тупфери со тонер/есенција кои обезбедуваат длабинска нега за чувствителна кожа. Благодарение на уникатната комбинација од D-Пантенол, 5-слоен церамид, 10-слојна хијалуронска киселина и глечерска вода, овие перничиња ја смируваат иритацијата, ја враќаат еластичноста и ја зајакнуваат природната заштитна бариера на кожата. Совршени се за подготовка на кожата за следните чекори од рутината, создавајќи чувство на свежина и удобност.
Чувствителната кожа често е изложена на црвенило и иритации предизвикани од надворешни фактори како UV зраци, загадување и температурни промени. За да се одржи кожата здрава и балансирана, потребна е нега која делува и на површината и во подлабоките слоеви. Biodance Cera-nol Gel Toner Pads овозможуваат клинички докажано смирување со индекс на иритација 0.00, што ги прави безбедни и за најчувствителните типови кожа.
Со редовна употреба, кожата станува хидрирана, помазна и посмирена, а бариерата заштитена од надворешниот стрес. Гел-текстурата овозможува минимално триење и максимална удобност при користење, што ги прави идеален избор и за утринска и за вечерна рутина.
Есенцијата на овие тупфери овозможува:
• Пружа интензивна хидратација со 10-слојна хијалуронска киселина.
• Ја зајакнува заштитната бариера со 5-слоен церамид.
• Брзо ги смирува црвенилото и иритацијата благодарение на D-Пантенолот.
• Го подобрува впивањето на активните состојки со алпска глечерска вода.Начин на употреба: По чистење на лицето, земете еден тупфер и нанесете го на посакуваната зона. Оставете да делува 15-20 минути додека не стане бело, а потоа нежно избришете го лицето за да ја впиете есенцијата. Не оставајте ги перничињата подолго од 20 минути за да се зачува нивниот оптимален ефект.
-
BIODANCE Hydro Cera-Nol Real Deep Mask (set 34g x 4)
1.396 денBiodance Hydro Cera-nol Real Deep Mask е хидрогел маска со висока концентрација на активни состојки која обезбедува длабинска хидратација и обновување на кожната бариера. Брзо ја смирува и разладува иритираната и вцрвенета кожа. За разлика од обичните лист маски, секоја содржи цело шише ампула, претворено во хидрогел форма, што овозможува максимално апсорбирање на формулата во кожата.
Патентираниот комплекс Hydro Cera-nol делува синергиски за смирување на иритации, намалување на црвенилото и заштита од губење на влага, додека 50.000 ppm глечерска вода богата со минерали создава чувство на свежина и подобрува апсорпција.
Придобивки:
- Брзо ja смирува кожата и го намалува црвенилото црвенилото.
- Пружа интензивна и долготрајна хидратација до 150 часа.
- Ја лади и освежува кожата со намалување на температурата.
- Ја зајакнува кожната бариера и ја штити од дехидрирање.
Клучни состојки
- D-Пантенолот смирува и хидрира, помага при црвенило и непријатност.
- 5-слојниот церамиден комплекс ја зајакнува бариерата и спречува губење на вода.
- Олиго хијалуронската киселина обезбедува хидратација до подлабоките слоеви на кожата.
- Глечерската вода богата со минерали помага за свежина и ревитализација на кожата.
Клинички докажано хидратацијата на кожата се зголемува за 951.31%, црвенилото се намалува за 121%, а температурата на кожата намалена за 5.1°.