-
House Of Hur Brightening Skin Prep Essence Pad 140ml (70ea)
1.651 ден1.156 денЗапочни ја рутината со свежина и сјај со Brightening Skin Prep Essence Pad, иновативни тупфери со тонер/есенција кои обезбедуваат интензивна хидратација и нега за осветлување и воедначување на тенот. Совршени за отстранување на наталожени нечистотии, мртви клетки и подготовка на кожата за следните чекори од рутината, овие тупфери се првиот чекор кон блескава, мазна и негувана кожа.
Изложеноста на УВ зраци доведува до зголемено создавање на меланин, појава на дамки, нерамномерен тен и губење на сјај. За да го спречиш ова, потребна е нега која дејствува и на површината и во длабоките слоеви на кожата. Brightening Skin Prep Essence Pad користи ефективна комбинација од алфа-арбутин и ниацинамид, заедно со екстракт од ориз и житарки од регионот Јеожу, за да го регулира производството на меланин, да ја намали хиперпигментацијата и да го изедначи тенот.
Со редовна употреба, тенот станува посветол, мазен и визуелно порамномерен. Формулата е доволно нежна за да се користи и наутро и навечер, бидејќи не создава чувствителност на сончева светлина.
Есенцијата од овие тупфери овозможува:
- Нежна ексфолијација за подобрување на текстурата
- Длабинска хидратација без лепливост
- Израмнување и осветлување на кожата
- Смирување на иритации и црвенило благодарение на природни растителни екстракти
Клучни состојки:
- Алфа-арбутинот е природен осветлувач што го блокира формирањето на меланин.
- Ниацинамидот го намалува брчките и го зајакнува кожниот бариерен слој.
- Екстрактот од ориз и житарки ја храни, хидрира и ја штити кожата од сушење.
Начин на употреба: По чистење на лицето, со приложената пинцета извади еден тупфер. Со текстурираниот дел помини нежно по целото лице, избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа искористи ја мазната страна за дополнително навлажнување. Продолжи со серум и крем. Чувај го производот во исправена положба по отворање. Не го превртувај садот бидејќи есенцијата може да истече.
-
House Of Hur Clearing Skin Prep Essence Pad 140ml (70ea)
1.520 ден1.064 денЗапочни ја рутината на чиста основа со Clearing Skin Prep Essence Pad, иновативни тупфери со тонер/есенција кои обезбедуваат две важни функции во едно, нежна ексфолијација и хидратација. Создадени за темелно отстранување на наталожени нечистотии, остатоци од шминка и мртви клетки, овие тупфери се првиот чекор кон здрава, избалансирана и сјајна кожа.
Поради влијанието на УВ-зраци, промени во температурата и ситна прашина, порите лесно се затнуваат, што доведува до појава на комедони, акни и губење на сјај. Clearing Skin Prep Essence Pad користи моќна комбинација на AHA, BHA и PHA киселини, дополнета со екстракт од црвено цвекло, за да обезбеди нежен пилинг без иритации, благодарение на AHA, BHA и PHA кои нежно ги отстрануваат мртвите клетки и вишокот себум. Пружаат длабинска хидратација и балансирање на себумот што ги прави совршени за кожа склона на акни или дехидрирана кожа со мрсни делови. Имаат смирувачки ефект благодаренире на екстрактот од црвено цвекло кој ја намалува иритацијата и црвенилото, дури и кај чувствителна кожа. Придонесуваат за побалансиран и рамномерен тен, редовната употреба ја подобрува текстурата на кожата и ѝ дава природен сјај.
Есенцијата од овие тупфери се апсорбира брзо и не остава лепливост, а во исто време дава чувство на освежување и смирување.
Главната состојка е црвено цвекло. Оваа суперхрана е богата со антиоксиданти и нутриенти кои го ублажуваат воспалението, го намалуваат ризикот од иритации, ја поддржуваат природната бариера на кожата.
Начин на употреба: По миењето на лицето, земи еден тупфер со приложената пинцета. Со текстурираниот дел избриши го лицето следејќи ја текстурата на кожата (избегнувај ја областа околу очи). Потоа со мазната страна помини уште еднаш за дополнителна хидратација. Продолжи со твојата вообичаена рутина. Чувај го производот во исправена положба по отворање.
-
Huxley Toner ; Extract It
1.390 денОсвежителен тонер, богат со екстракт од кактус, кој ја тонира и измазнува кожата, оставајќи ја свежа, чиста и хидрирана. Содржи над 90% состојки од природно потекло.
-
-
iUNIK Rose Galactomyces Essential Toner 200ml
1.490 ден989 денОвој тонер помага во навлажнување, враќање на балансот и омекнување на чувствителната кожа, благодарение на екстрактот од роза и ферментите на галактомицес. Вода од цвет од Rosa damascena – 70% Galactomyces Ferment Filtrate – 10% 200ml -
iUNIK Tea Tree Relief Toner 200ml
1.490 ден988 денТоа е тонер кој содржи 67% вода од чајно дрво, 19,5% вода од лист од азиска центела и екстракт од никулци. Помага во смирување на чувствителната кожа. Ја чисти кожата и ѝ ги пружа потребните нутритиенти. Вода лист од Melaleuca alternifolia – 67% Вода од лист од Centella asiatica 19,5% 6 екстракти од никулци 6.000 ppm -
iUNIK Vitamin Hyaluronic Acid Vitalizing Toner 200ml
1.490 ден988 денТоа е тонер во вид на гел, кој помага за длабинска хидратација и ревитализација на кожата. На кожата ѝ ги обезбедува потребните витамини благодарение на екстрактот од витаминско дрво и хијалуронската киселина. Хијалуронска Киселина – 45% Екстракт од Hippophae rhamnoides – 5% 200ml -
Lapothicell A.C. Daily Calming Peeling Booster
1.290 ден998 денLapothicell A.C. Daily Calming Peeling Booster e мулти-функционален тонер со благ пилинг ефект, кој прави нежно тонирање, хидрирање и регулирање на pH балансот.
Благодарение на AHA (алфа хидроксилната киселина) и BHA (бета хидроксилната киселина) од природно потекло, овој тонер помага во решавањето на различни проблеми со кожата. Неговите AHA и растителни BHA состојки помагаат во регулирање на себумот и отстранување на мртвите клетки.Овој дневен пилинг бустер на кожата ѝ пружа свежина.
Тоа е дерматолошки тестиран производ, кој дури и по една употреба ги ексфолира и редуцира мртвите клетки на кожата. Исто така го спречува создавањето на акни, го регулира создавањето на себум, ги отстранува дамките, белките, црнките, го изедначува нерамномерниот тен и ѝ дава помека текстура на кожата.
Овој не-иритирачки тонер кој овозможува секојдневен смирувачки пилинг погоден за сите типови на кожа, дава одлични резултати кај чувствителна, како и мрсна кожа склона кон акни, црнки и нерамномерен тен, притоа обезбедувајќи ја потребната хидратација.
Употреба: По миење на лицето, секое утро и вечер, натопете памучен тупфер со бустерот и нежно пребришете го лицето и вратот. При дневна употреба на овој тонер задолжително треба да се користи крем со заштитен фактор.
-
Lapothicell Bio-Hydra Panthenol Toner 210ml
1.290 ден1.032 денПочувствувајте ја интензивната хидратација и смирувачко дејство кое го пружа Lapothicell Bio-Hydra Panthenol Toner. Тоа е производ кој нуди длабинска и долготрајна хидратација и ја одржува кожата свежа во текот на целиот ден. Тоа е хипоалерген производ. Со вклучување на овој производ во вашата рутина за нега по миењето, веднаш ќе почувствувате значително подобрување на влажноста и свежината на кожата, благодарение на хидратантнице состојки кои го сочинуваат уникатниот комплекс Bio-Hydra-3P™, хијалуронската киселина и пантенолот.
Bio-Hydra-3P™ е оригинален комплекс од навлажнувачки, хидратантни и смирувачки сосотојки создаден од Lapothicell, кој помага во брзо смирување и освежување на вцрвенетата, иритирана и дехидрирана кожа, ради надворешни фактори како ветер, сув воздух, сонце, загадување и тн.
Овој производ пружа брзо смирувачко дејство, помага во измазнување на нејзината текстура и постигнување на здрав сјај и свеж изглед.
-
Make P:rem Safe Me Relief Essence Toner
1.390 денMake P:rem Safe Me. Relief Essence Toner е интензивно хидрантен тонер кој го зголемува нивото на влжност на кожата до 466,68%. Формулата pH-5,5 ја смирува и хидрира а истовремено го враќа природниот баланс на кожата.
Збогатен со растителни екстракти и навлажнувачки агенси за да направи вашата кожа да остане еластична во текот на целиот ден.
Воедно овој тонер во својот состав има церамиди, пантенол и LMW (мала молекуларна тежина) на хијалуронска киселина кои се одговорни за задржување на влажноста во кожата.
Употреба: По миењето на лицето, во првиот чекор од рутината за нега, нанесете соодветна количина на памучен тупфер. Нежно чистете го лицето, освен областа околу очите и устата, почнувајќи од внатре кон надвор.
Производот не содржи парфеми.
-
MEDICUBE Red Succinic Acid Peeling Pad 155g (70pcs)
2.070 денMedicube Red Succinic Acid Peeling Pad се иновативни тонер тупфери, специјално формулирани за кожа склона кон акни и нерамномерен тен. Благодарение на моќната комбинација на сукцинска киселина, салицилна киселина (BHA) и гликолна киселина (AHA), овие ексфолирачки тампони делуваат директно на изворот на акните, намалувајќи ги несаканите изливи и прочистувајќи ги порите.
Формулата е збогатена со пантенол и ниацинамид, кои помагаат во смирување на иритациите, намалување на црвенилото и зајакнување на кожната бариера. Со редовна употреба, кожата станува почиста, избалансирана и визуелно посветла.
- Некомедогена формула погодна за кожа склона кон несакани изливи
- Дерматолошки тестирана и ниско-иритирачка
- Одржува pH баланс помеѓу 3.5 и 5.5
- Без вештачки бои и мириси
- Пакување со одржливи материјали
Како да се користи: по чистење на лицето, земете еден тампон и нежно избришете го лицето со нагорни движења, избегнувајќи ја областа околу очите. За проблематичните делови, задржете го тампонот на кожата околу една минута. Потоа продолжете со остатокот од рутината, вклучувајќи серум и хидратантна крема.
Овие ексфолирачки тонер пупфери се доволно нежни за секојдневна употреба и се погодни како за тинејџерска, така и за возрасна кожа што има потреба од балансирање и обновување.
-
MEDICUBE Zero Pore Pads 2.0 150g (70 Pads)
2.190 денMedicube Zero Pore Pads 2.0 се ексфолирачки тонер тупфери, специјално формулирани за длабинско чистење на порите, измазнување на текстурата на кожата и балансирање на себумот. Со млечна киселина (AHA), овие тампони нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, додека пантенолот обезбедува длабока хидратација и ја смирува иритацијата.
Салицилната киселина (BHA) продира длабоко во порите, помагајќи во нивно прочистување и намалување на несаканите изливи. Благодарение на своето антиинфламаторно дејство, овие тампони се идеални за комбинирана и масна кожа што има потреба од подобрување на текстурата и регулирање на себумот.
- Нежна ексфолијација со AHA и BHA за порамномерен тен
- Длабинско прочистување на порите за намалување на комедоните
- Хидратација и смирување со пантенол за балансирана нега
- Погодни за секојдневна употреба, особено кај кожа склона кон проширени пори
Како да се користи: по чистење на лицето, земете еден тупфер и нежно избришете го лицето со кружни движења, избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа продолжете со остатокот од вашата рутина, вклучувајќи серум и хидратантна крема.
Идеални за сите типови кожа кои имаат потреба од подобрување на текстурата, балансирање на себумот и ослободување на порите од нечистотии.
-
Meisani Rice And Shine Hyaluronic Acid Essence Toner 150ml
1.490 денМултифункционалниот тонер на Meisani служи и како тонер и како есенција, со богата текстура која ја подобрува функцијата на кожната бариера и ја зголемува хидратацијата за сјаен и свеж изглед на кожата. Формулиран со оризови трици, омилен состојка која гејшите ја користеле за омекнување и осветлување на кожата, овој тоник ефективно ја прочистува кожата, додека обезбедува антиоксиданси, витамини и минерали. Пантенолот придонесува за хидратација, смирување и обновување на кожата, додека хијалуронската киселина ја задржува влагата и обезбедува свеж и полн изглед.
Дополнително, овој тоник го содржи A-B-C комплексот, моќен микс од алантоин, бета-глукан и керамиди. Алантоинот обезбедува длабока хидратација и го смирува кожата, додека бета-глуканот и керамидите синергично работат за да ја обноват и зајакнат природната бариера на кожата. Без мирис и дерматолошки тестиран за чувствителна кожа, овој тоник нуди комплетно решение за нега на кожата без да се прави компромис на безбедноста и ефикасноста.
-
Meisani Rice And Shine Hyaluronic Acid Essence Toner MINI 20ml
490 денМултифункционалниот тонер на Meisani служи и како тонер и како есенција, со богата текстура која ја подобрува функцијата на кожната бариера и ја зголемува хидратацијата за сјаен и свеж изглед на кожата. Формулиран со оризови трици, омилен состојка која гејшите ја користеле за омекнување и осветлување на кожата, овој тоник ефективно ја прочистува кожата, додека обезбедува антиоксиданси, витамини и минерали. Пантенолот придонесува за хидратација, смирување и обновување на кожата, додека хијалуронската киселина ја задржува влагата и обезбедува свеж и полн изглед.
Дополнително, овој тоник го содржи A-B-C комплексот, моќен микс од алантоин, бета-глукан и керамиди. Алантоинот обезбедува длабока хидратација и го смирува кожата, додека бета-глуканот и керамидите синергично работат за да ја обноват и зајакнат природната бариера на кожата. Без мирис и дерматолошки тестиран за чувствителна кожа, овој тоник нуди комплетно решение за нега на кожата без да се прави компромис на безбедноста и ефикасноста.
-
-