-
COSRX Hydrium Centella Aqua Soothing Ampoule
1.590 денТоа е ампула која ја смирува и навлажнува иритираната кожа. -
COSRX Hydrium Triple Hyaluronic Moisture Ampoule
1.590 денВискозен навлажнувачки серум што ја прави кожата еластична. Обезбедува длабинска хидратација за сува и дехидрирана кожа. -
FAU Core Intensive Caviar Ampoule 100ml
2.690 ден2.490 денCore Intensive Caviar Ampoule е високо концентрирана анти-ејџинг ампула која обезбедува интензивна нега и видливо подобрување на кожата. Богатата формула содржи екстракт од кавијар, луксузна состојка позната по својата моќна нутритивна вредност, која е слична на структурата на кожата. Благодарение на брзата апсорпција, оваа ампула длабински ја храни кожата без лепливост, овозможувајќи интензивна регенерација и подобрување на нејзината цврстина и еластичност.
Оваа ампула делува ефективно во спречување на оштетувањата на кожата и процесот на стареење. Со активирање на фибробластите, ја поттикнува природната синтеза на колаген и ја враќа виталноста.
Главни придобивки:
- Ја спречува штетата на кожата и забавува стареење
- Ги активира фибробластите и ја подобрува цврстината
- Длабински ја храни кожата и ја зајакнува бариерата
- Ја осветлува и измазнува текстурата
- Брзо се апсорбира без лепливост
Клучни состојки:
- Кавијар екстракт (1,000ppm) – богат со есенцијални хранливи материи за подмладување
- EGF и FGF – фактори на раст кои ја поттикнуваат обновата на кожата
- 7 есенцијални аминокиселини – ги зајакнуваат клетките на кожата и ја подобруваат структурата
- 7 вида пептиди – ја подобруваат еластичноста и намалуваат брчки
- Бета-глукан – помага во смирување и хидратација
- Екстракт од корен на Rehmannia Chinensis – познат по своите антиоксидантни својства
Како да се користи:
По нанесување на тоник, испумпајте соодветна количина од ампулата и рамномерно нанесете ја на лицето. Нежно размачкајте и оставете ја кожата да ја апсорбира формулата.Со редовна употреба, кожата станува поцврста, посветла и длабински хидрирана, добивајќи здрав и подмладен изглед.
-
Klairs Fundamental Watery Oil Drop
1.780 денDear, Klairs Fundamental Watery Oil Drop се маслени капки кои на кожата ѝ пружаат моќно атиоксидантно дејство благодарение на комплексот од ориентални чаеви, неколку филтрати на ферменти и пептидите. Оваа избалансирана формула ги комбинира енергијата на серумите и богатството на маслата со есенцијалната вода од зелен чај со поекло од остовот Џеџу. Употреба: Нанесете 2 до 3 маслени капки наутро и навечер, на лицето и вратот, пред нанесу- вањето крем. Маслените капки може да се користат пред или наместо серум. Состав: вода, глицерин, бутилен гликол, вода од лист од Camellia sinensis, екстракт од Oryza sativa (ориз), екстракт од фермент на Bifida, бетаин, дипропилен гликол, сорбитол, 1,2-хександиол, екстракт од фермент на Aspergillus/ориз, екстракт од лист од Camellia sinensis, дикалиом глициризат, сорбитан сесквиолеат, етилхексилглицерин, натриум акрилат/натриум акрилоил диметил таурат кополимер, натриум хијалуронат, хидроксиетилцелулоза, ксантан гума, аргинин, карбомер, токоферил ацетат, акрилати/C10-30 алкил акрилат кросполимер, екстракт од Laminaria Japonica, церамид NP, хидрогениран лецитин, бакар трипептид-1, ацетилхексапептид-8. -
-
MIZON Collagen 100 Ampoule 30ml
1.490 ден1.395 денЗа да добиете затегната и еластична кожа каква што сте посакувале, Ви ја препорачуваме Mizon Collagen 100 ампулата со висока концентрација на морски колаген (90%) која е наменета за опуштена кожа и подобрување на состојбата со брчките. Богата со хранливи состојки, дизајнирана е да ја оддржува еластичноста и цврстината за постигнување на младешки изглед. Нејзината брза апсорпција создава непосреден ефект во зајакнувањето на кожата. Со природен протеин, без вештачки бои и ароми, ова е дерматолошки тестиран производ кој не предизвикува иритации. Употреба: По чистењето и тонирањето, нанесете мала количина на лицето и вратот и тапкајте нежно за подобра апсорпција. -
MIZON Collagen Set
1.880 ден1.431 денТоа е сет од четири производи со колаген за сеопфатна нега на лицето. Пмага за хидратација, зацврснување и лифтинг на кожата. Сетот содржи тонер, емулзија, ампула и крем.
-
MIZON Hyaluronic Acid 100 30ml
1.290 денMizon Hyaluronic Acid 100 ампулата нуди решение за дехидрираната кожа и намалување на брчките. Со висока концентрација на хијалуронска киселина (50%) која моќно делува во хидратацијата на кожата, со брза и оптимална апсорпција, ја зацврстува кожната бариера и не дозволува губење на влажноста на кожата. На кожата и дава полн и свеж изглед.
Оваа ампула, со нелеплива завршница, видливо го освежува изгледот на кожата одржувајќи ја длабински хидрирана, еластична со што ја спречува појавата на фини линии и брчки. Аденозинот овозможува нега на брчките, обновување и баланс на влажноста на кожата.
Тоа е хипоалерген производ, без вештачки бои, ароми и парабени. Дерматолошки е тестиран. Погоден е за употреба кај чувствителна кожа и не предизвикува иритации.
-
MIZON Peptide 500 Ampoule 30ml
1.690 ден1.656 денРазбудете ја кожата од длабокиот сон со капките на Peptide 500 ампулата која во нејзиниот состав содржи концентриран пептид за нега на брчките кој ја оживува уморната кожа. Лесно впивлива и хидрантна, оваа ампула ги третира проблемите на кожата во самата основа, интензивно делува на затегнување на уморната кожа и подобрување на еластичноста, со цел постигнување на младешки изглед.
Концентрираниот пептид како главна активна состојка во составот на оваа ампула ја тонира кожата, аденозинот е ефективен во измазнување на кожата и подобрување на еластичноста и брчките, а хијалуронската киселина која ја задржува и подобрува влажноста на кожата, исто така ја штити од надворешни влијанија.
Peptide 500 ампулата содржи високо збогатен хипоалерген раствор, кој не предизвикува иритации на кожата, безбеден да се користи и за чувствителна кожа, ослободен од вештачки бои, ароми и парабени. Се препорачува за оние кои сакаат подобрување во нивната рапава, опуштена, сува, темна или уморна кожа.
Употреба: Нанесете ја после средството за чистење, тонерот и есенцијата. Тапкајте нежно за целосна апсорпција. -
Mizon Real Vitamin C Ampoule
1.990 денReal Vitamin C Ampoule e серум кој содржи 19% најквалитетен чист витамин C со одлична продирачка моќ. Помага во подобрување на тенот, избелување на пигментираните дамки, намалување на порите, подобрување на еластичноста на кожата и во спречување на појавата на брчки.
-
MIZON Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule 30ml
1.499 денНа крајот на денот ја чувствувате вашата кожа уморна, опуштена и без сјај. Вратете ѝ ја енергијата и пружете ѝ моќно ревитализирачко дејство со Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule на познатиот корејски бренд Mizon. Во текот на ноќта, додека спиете формулата на оваа ампула ќе работи за да ве остави задоволни кога ќе се погледнете во огледалото наредното утро.
Активно делува на кожата и ја снабдува со енергија во текот на 12 часа и можете да ја користите наместо ноќна крема без дополнителен навлажнувач.
Тоа е високо збогатена ампула која моќно ја ревитализира кожата додека спиете. Спаѓа во функционална анти-ејџинг козметика одобрена од Министерство за безбедност на храна и лекови на Р. Кореја. Содржи ниацинамид и аденозин, докажани анти-ејџ состојки со двојна функција, намалување на брчките и подобрување на тенот.
Специјално формулирана за зацврснување на опуштената кожа и да ја регенерира оштетената кожа. Ја зајакнува заштитната бариера со што ја прави кожата поотпорна на надворешните штетни влијанија и истовремено ја смирува иритацијата предизвикана од штетно UV зрачење или загадување.
Оваа ампула содржи пептиди кои го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и ја подобруваат нејзината еластичност.
Витаминот Е е антиоксидант кој го спречува дејството на слободните радикали. Toj ги штити клетките и ја подобрува функцијата на клетките.
Хијалуронската киселина, бета-глуканот и нато гумата го одржуваат нивото на влажност во кожата, со што кожата се одржува свежа и полна. Патентираната нато гума која се добива со ферментација на соини зрна ја надополнува функцијата на хијалуронската киселина со зголемување на нивото на природниот навлажнувачки фактор (NMF).
Клучни состојки:
- Ниацинамид
- Аденозин
- Пептиди
- Витамин Е
- Патентирана нато гума
- Хијалуронска киселина
- Бета-глукан
-
MIZON Snail Repair Intensive Ampoule 30ml
1.390 ден1.341 денКористете ја Mizon Snail Repair Intensive ампулата доколку ви треба брзо решение за проблеми со кожа на која и е потребно нутритивна вредност како и за подобрување на состојбата со брчките. Високата концентрација на филтрат од слуз од полжав, обезбедува брзо обновување и потхранување на безживотната кожа. Овој дерматолошки тестиран производ, не содржи парабени и вештачки ароми, докажано безбеден е за употреба без да предизвика било какви иритации.
-
-
-
-
Sioris Falling Into The Rose Mist 30 ml
790 ден690 денFalling Into The Rose Mist на корејскиот бренд Sioris е спреј со хидрантна и избалансирана комбинација на зелен чај, вода од роза и хранливи масла, совршена за сите типови на кожа, особено за оние кои имаат помрсна кожа.
Познат по своите органски состојки, Sioris користи 47,5% зелен чај собран еднаш годишно од врвот на Босеонг. Во својот состав содржи екстракт од 2% од лисја од чемпрес, 2,5% сквалан и 1,5% арганово масло, кои сите заедно брзо се апсорбираат, помагаат во балансирањето на производството на себум на кожата, како и во смирувањето на чувствителноста и иритацијата и во одржувањето на хидрирана бариера на кожата. Неговиот мирис на свежа роза е добиен само од природни есенцијални масла.
Овој производ е вегански и е првиот производ од Sioris сертифициран од COSMOS. Без никаква лепливост или чувство на маснотија, тој е одличен и за чувствителна и за мрсна кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да се измешаат водата и маслото и шприцајте 2-3 пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.